ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров на меѓународниот Сими симпозиум во Грција: Не може условите за влез во ЕУ да не бидат европски

July 12, 2021 13:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На покана на Фондацијата Андреас Папандреу во соработка со регионот на Атика и градот Атина, од денеска вицепремиерот за европски прашања  Никола Димитров учествува на меѓународен симпозиум Сими, кој по 23-ти пат се одржува во Грција.

Како што соопшти СЕП, на првиот панел на кој учествуваше Димитров, насловен „Што е иднината на Европа без Балканот?“ вицепремиерот Димитров се осврна на актуелните предизвици во пристапниот процес на Северна Македонија и влијанието врз политиката на проширување и кредибилитетот на Европската Унија.

-Драстичниот случај на Северна Македонија покрена сериозна загриженост за влијанието и кредибилитетот на ЕУ во регион чијашто иднина природно е да биде европска – во смисла на заокружување на процесот на европско обединување. Искачивме планина на нашиот пат, надминувајќи го проблемот со Грција преку Преспанскиот договор. Но, тој договор беше можен само затоа што Грција го прифати нашето право на самоопределување. Прашањето за тоа кои сме и каков јазик зборуваме е наше и во 21 век не е само неевропски туку е и непристојно друг да го прави. Дали една земја членка, само затоа што е членка, има право да поставува секакви услови на земја кандидат за влез? На пример, да побара да нема слобода на медиуми? Токму ова се случува. Значи тие услови мора да се на линија со европските вредности, оти, наречете ме идеалист, ама за мене, уште од студентските денови, Европа не е само економски џин, туку е збир на идеали и вредности и низ тие вредности треба да биде ценет нашиот напредок, рече Димитров.

Во однос на обидите за надминување на пречките за одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, Димитров нагласи дека ова прашање е релевантно како за иднината на нашата земја, така и за иднината на Европа.

-Надминувањето на блокадата од бугарска страна е прашање кое тежи многу повеќе и одекнува подалеку од односите Скопје-Софија. Триото претседателства моментално предводено од Словенија вложуваат сериозни напори за изнаоѓање решение, бидејќи влогот е голем и на страната на ЕУ. Воедно, ова прашање ги поткопува и релациите меѓу граѓаните поради што влијае и врз перспективите за одржување стабилност, рече Димитров.

Димитров посочи дека политиката на вето создава антагонизам, и како што рече, на последните анкети нашите граѓани гледаат најголема закана токму од Бугарија. – Затоа се надевам дека со идната бугарска влада ќе можеме да постигнеме разбирање за заедничка победа, и за нас и за нив и за регионот и за цела Европа. Истовремено, ние остануваме посветени на европеизацијата – спроведување на реформи за вградување на европските стандарди дома, бидејќи тоа и е суштината на пристапниот процес, посочи тој.

Фокусот на симпозиумот, кој што ги обединува истакнатите светски политичари, дипломати, научници, бизнисмени и активисти, е ставен на соработка по однос на глобалните пост-пандемиски предизвици со цел поттикунување на идеи за креирање на национални и меѓународни стратегии и политики во врска со социо-економските прашања, влијанието врз човековите права и демократијата, здравствената заштита и други релевантни теми.

На панелот учествуваа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, косовскиот премиер Албин Курти, заменик-директорката на ECFR Весела Чернева, извршниот директор на албанскиот Медиумски институт Ремзи Лани, научниот соработник на виенскиот Институт за хумани науки Иван Вејвода и геополитичката аналитичарка Антониа Колибасану.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дарко Лешоски му довери песна на ChatGPT – Kаква верзија му направи чатботот?

July 17, 2025

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk