ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Германските парламентарци се подобро заработуваат „од страна“

July 12, 2021 13:33
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Се проценува дека пратениците во Бундестагот оствариле 53 милиони евра дополнителни приходи во тековниот мандат, што е значително поголема сума отколку порано.

Ова го покажуваат податоците на фондацијата „Ото Бренер“, блиска до синдикатите, која ги проценуваа податоците за дополнителната заработка на пратениците во Бундестагот врз основа на јавно достапни информации на веб-страницата на германскиот парламент, јави Дојче веле.

Фондацијата ја спроведува оваа студија од 2009 година, така што има податоци и за тековниот и за двата претходни мандатни периоди.

На крајот на периодот од 2009 до 2013 година, дополнителниот приход на пратениците беше проценет на 30 милиони евра. Сепак, точната сума не може да се утврди, бидејќи досега податоците за овој вид приход биле внесени само во груби и приближни износи.

Во мандатот кој наскоро се завршува, околу една третина од парламентарците, поточно 261, имале ангажмани преку кои оствариле дополнителен приход.

Фондацијата Ото Бренер оваа појава меѓу германските политичари ја нарекува „проблем на привилегирано малцинство пратеници“. Овој феномен е особено раширен меѓу партиите „блиски до економијата“: Христијанско-демократската унија (ЦДУ), нејзината сестринска Христијанско социјална унија (ЦСУ) и Слободна демократска партија(ФДП).

Иако либералната ФДП во Бундестагот има 11,5 проценти од вкупниот број пратеници, тие се на прво место меѓу оние кои добиваат дополнителен приход со учество од 20,3 проценти.

Дополнителни ангажмани на пратеници, покрај мандатот во Бундестагот, се законски дозволени сè додека нема судир на интереси и сè додека парламентарниот ангажман е во центарот на нивните активности. Приходите од овој вид ангажмани над одредена сума мора да бидат пријавени до Претседателството на Бундестагот и објавени на веб-страницата на Бундестагот како „Информации што мора да бидат достапни на јавноста“.

Досега, дополнителните приходи на парламентарците требаше да бидат пријавени доколку надминуваат 1.000 евра месечно или 10.000 годишно. Приходите над 250.000 евра не мора да бидат наведени подетално и спаѓаат во иста група со оние чии износи се во милиони.

По скандалот со профитабилни зделки околу набавката на заштитни маски и платениот ангажман за лобирање на политичарите, Бундестагот во средината на јуни донесе построги правила за транспарентност за парламентарците.

Фондацијата Ото Бренер во студијата ги вклучи податоците до 1 јуни годинава, односно пред да стапат во сила новите правила.

Според новите правила, дополнителниот приход во иднина мора да се пријави ако надминува 1.000 евра месечно или 3.000 евра во текот на годината. Исто така е предвидено е да мора да се објави точниот износ на таа заработка – „секое евро и цент“.

Фондацијата повикува на натамошно заострување на овие прописи. Авторот на студијата, Свен Остерберг, се изјасни за формирање комисија „која ќе има ресурси и права и ќе го контролира почитувањето на тие правила“, бидејќи правото на дополнителен приход на пратениците дава впечаток „дека Парламентот може да се купи“.

извор: МИА
Next Post

Меси: Трофејот им го посветувам на 45 милиони Аргентинци и на Марадона

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk