ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НБ: Институциите на ЕУ со висока оцена за остварувањето на Народната банка на заедничките заклучоци

July 12, 2021 15:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Институциите на ЕУ дадоа висока оцена за остварувањето на Народната банка на заедничките заклучоци од минатогодишната Програма за економски реформи. Истовремено, монетарното олабавување остварено од Народната банка во текот на корона-кризата е оценето како соодветно, соопшти денеска Народната банка.

Во заедничките заклучоци од годинешниот економско-финансискиот дијалог помеѓу ЕУ и земјите кандидатки за членство било истакнато дека во сиот досегашен тек на корона-кризата, финансиската стабилност е зачувана, а истовремено и дека одлуките и мерките на Народната банка придонеле за ублажување на ефектите на кризата врз граѓаните и компаниите.

-Напоменато е дека банкарскиот сектор соодветно им одговори на досегашните предизвици од корона-кризата, одржувајќи здрави показатели, за што придонесоа и политиките на Народната банка. Истовремено, истакнато е дека од исклучително значење е и напредокот остварен со започнувањето со работа на Комитетот за финансиска стабилност, координиран од Народната банка, со учество на сите финансиски регулатори, се вели во соопштението од Народната банка.

Во своите согледувања, институциите на ЕУ нагласиле и дека е клучна независноста на Народната банка, бидејќи таа е важна за зачувување на ценовната и финансиската стабилност.

На денешниот министерски дијалог за програмите за економски реформи на земјите кандидатки за членство во ЕУ учествувала и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Притоа, таа им се заблагодарила на институциите на ЕУ за високите оцени за остварувањето на активностите од Програмата коишто се во надлежност на Народната банка.

-Во своето излагање, меѓу другото, гувернерката напомена дека ова е прва криза во којашто првичната реакција на Народната банка беше олабавување, а не затегнување на монетарната политика. Притоа, нагласи дека овојпат солидните економски фундаменти и силната позиција на девизните резерви овозможија олабавување на монетарната политика и усвојување на регулаторната флексибилност, којашто придонесе за поддршка на граѓаните и компаниите коишто имаат потреба од кредитна поддршка. Дополнителен простор се создаде и со одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за овозможување пристап на Народната банка, за првпат, до девизна ликвидност во евра обезбедена од ЕЦБ, на иницијатива на Народната банка, информираат од Народната банка.

Гувернерката се осврнала и на актуелните предизвици за носителите на политиките, имајќи ја предвид неизвесноста во однос на здравствената криза.

-Од гледна точка на централната банка, нашата предност е што сè уште имаме простор за водењето на политиките. Основната каматна стапка е сè уште на позитивната страна, а нивото на девизни резерви и натаму е комфорно и банкарскиот систем е стабилен. Се разбира, независно од ваквата позиција, и натаму мора да бидеме претпазливи не само заради конвенционалните можни несакани ефекти од премногу долго монетарно олабавување, туку и од можната неповолна повратна врска помеѓу реалниот и финансискиот сектор, како и од т.н. ризик од „зомбификација“. Затоа, за заштита од тие ризици е неопходно да се продолжи со мерките за натамошно јакнење на мрежата за финансиска безбедност и тоа е всушност еден од нашите приоритети, истакнала Ангеловска-Бежоска.

Во излагањето, гувернерката напоменала дека не смее да се остават на страна претпандемиските напори за зголемување на потенцијалот за побрз, одржлив и инклузивен економски раст.

-За ова е потребно постепено поместување на фокусот назад кон преткризните структурни тесни грла, како и на новите структурни предизвици што ќе останат како наследство од пандемијата. Јасно е дека централните банки не може да играат главна улога во овие сегменти, но можеме да обезбедиме поддршка во процесите. Во овој контекст, и покрај горливите проблеми, важно е што ние како централна банка успеавме да го зачуваме фокусот на повеќе структурни прашања како што се дигитализацијата – со работа на првата национална Стратегија за поддршка на финтек-секторот и посветеноста на зелените финансии, при што станавме членка на Меѓународната мрежа за зазеленување на финансискиот систем и го спроведовме првото истражување за тековниот статус на зелените финансии, нагласила Ангеловска-Бежоска.

Министерскиот дијалог се одржува секоја година. Неговата цел е да се донесат заеднички заклучоци за реформските активности коишто ќе станат дел од новата Програма за економски реформи, којашто, пак, е дел од пристапниот дијалог на земјава во ЕУ. Заклучоците за следниот период коишто се во ингеренција на Народната банка посочуваат на одржување силна регулаторна рамка за финансискиот сектор, којашто ќе биде во согласност со најдобрите светски практики и практиките на ЕУ, за да може понатаму да се осигура стабилно управување со кредитниот ризик и да се заштити независноста на Народната банка заради зачувување на финансиската и ценовната стабилност.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дарко Лешоски му довери песна на ChatGPT – Kаква верзија му направи чатботот?

July 17, 2025

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk