ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Парафирана изјава за македонско-албанска соработка за заштита на Охридскиот Регион и зачувување на неговиот статус во УНЕСКО

July 12, 2021 14:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерките за култура на Северна Македонија и на Албанија, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, денеска во Охрид во име на националните комисии на УНЕСКО потпишаа заедничка изјава со која двете држави се обврзуваат заеднички да работат на отстранување на сите наследени и тековни предизвици, забрзано спроведување прецизни активности за заштита на Охридскиот Регион како светско природно и културно-историско наследство заштитено од УНЕСКО.

– Станува збор за ново поглавје во односите меѓу двете држави во насока на заедничко управување со споделеното културно-историско и природно наследство на Охридскиот Регион, за преземање конкретни чекори за негова заштита… Свесни сме од итноста и одговорноста за потребата од заштитата на прекуграничното и светско наследство, затоа потпишавме заедничка изјава преку која се обврзуваме искрено, конкретно да работиме за да придонесеме за решавање на проблемите. Работиме на механизмите за ублажување на заканите и на начините како правилно да се одговори на утврдените ранливости, рече, меѓу другото, министерката Стефоска.

Таа истакна дека се работи на решавање на проблемите напластени со децении, а неделувањето со години наназад, рече, ни се удира од глава на сите.

– Јавно апелирам и повикувам, без бегање од одговорност, и до локалните власти и до граѓаните и невладините организации, секој да го понесе својот дел од одговорноста. Се што можеме и што е во нашиот делокруг, следиме и реагираме… Не смее да има разлики меѓу локалните самоуправи во заштитата на регионот. Секој од нас кога е на позиција во хиерархијата на управувањето да си понесе одговорност, а сите заедно да работиме за заштитата, рече Стефоска.

На средбата на претставниците на националните комисии за соработка со УНЕСКО присуствуваа и министрите за животна средина од двете земји, Насер Нуредини и Бленди Клоси.

Министерот Нуредини истакна дека сите активности на властите во двете држави се потврда на решителноста и сериозната посветеност во заедничките намери да се следат препораките на УНЕСКО и да се зачува статусот на регионот како светско културно и природно наследство.

– Се заложивме за креирање и имплементација на заеднички план за управување со регионот. Независно каква ќе биде одлуката на УНЕСКО, ние како влади ги разбираме нашите одговорности и обврски. Крајбрежните земји мора да соработуваат затоа што природата и биодиверзитетот не познава административни граници. Мораме да работиме на интегрирано и хармонизирано управување доколку сакаме резултати. Неспорно е дека се спроведени одредени активности, сведоци сме на расчистување на крајбрежјето на Охридското Езеро. Како Министерство веќе работиме на ревалоризација на природните вредности на Охридското Езеро, со нацрт на ново зонирање. Со донесувањето на Планот за управување со Охридскиот Регион ќе се обезбеди негова соодветна заштита, рече Нуредини.

Тој спомена дека во таа насока се и процесот на прогласување на Студенчишкото Блато за заштитено подрачје, како и планот за управување со Националниот парк „Галичица“, како активности во насока на поголема заштита на целиот регион.

Зоран Павлов од Комисијата за управување со Охридскиот Регион во врска со се поизвесната одлука за поместување на регионот на листата загрозени светски богатства на УНЕСКО, рече дека независно каков ќе биде исходот, самиот Извештај и препораките за поместување на регионот на листата загрозени добра е своевидна потврда дека не сме успеале да ги завршиме обврските.

Тоа е последица на децениска непосветеност во заштитата на културното и природното наследство. Тоа не е крај на светот, тоа е нешто што ќе ни укаже дека во иднина мора поинтензивно да работиме, но мора да сме свесни дека преку ноќ не може се да се постигне. Има резултати, има постигнувања, можеби тоа оди побавно, но резултатите се видливи за оние што тоа сакаат да го видат. На крајот на краиштата, и ова што отпочна со уривање на платформите е еден дел, тоа што трета година постои Комисијата за управување со природното и културносто наследство значи дека сепак одиме напред, рече Павлов.

Тој посочи дека се она што е направено во земјата за исполнување на обврските од Извештајот на УНЕСКО во форма на извештај е испратено до советодавните тела, така што врз основа на тие податоци ќе биде донесена и финалната одлука за регионот и неговиот иден статус во УНЕСКО.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дарко Лешоски му довери песна на ChatGPT – Kаква верзија му направи чатботот?

July 17, 2025

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk