ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев-Хани: Поддршката на мобилноста и поврзувањето на младите од регионот е вложување во нивната иднина

July 12, 2021 19:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Заев го прими новоизбраниот генерален секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) на земјите од Западен Балкан Алберт Хани, кој оваа функција ја презеде како претставник на нашата земја.

На средбата, на која присуствуваше и Ѓорги Тасев, советник за млади и младински политики во Канцеларијата на претседателот на Владата, премиерот Заев му честиташе на генералниот секретар на RYCO Хани, и му посака успешен мандат во спроведувањето и координацијата на програмите на оваа организација чија цел е остварување на максимална мобилност и поврзување на младите од регионот како неопходен услов за помирување, соработка и за нивната заедничка иднина.

Претседателот на Владата Заев истакна дека Република Северна Македонија, како земја потписничка на договорот за основање на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), како и до сега, ќе продолжи активно да ги поддржува програмите на регионалната канцеларија која има седиште во Тирана, како исклучително важна точка за поврзување на младите од регионот на Западен Балкан како една од најзначајните цели на иницијативата Берлински процес во чии рамки е основана.

Генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), кој на средбата го придружуваа и членот на Управниот одбор на RYCO Блажен Малески и директорот на локалната канцеларија на организацијата во Скопје Владимир Ѓорѓевски, истакна дека Република Северна Македонија во оваа регионална мрежа е препознаена како една од најактивните земји во регионот и дека некои од младинските политики на земјата се земени за пример за успешна имплементација на најважните прашања за младите.

Next Post

Шилегов: При изградбата на БРТ системот ќе биде заштитено водоснабдувањето и нема да има застој во сообраќајот

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk