Најмалку два натпревари одиграни на Вимблдон се под истрага за потенцијално местење, известуваат странски медиуми, пренесува Спорт Клуб.
Германскиот „Die Welt“ јавува за „можни манипулации“ што може да се случиле на Грен слемот во Лондон, а кои се однесуваат на еден натпревар во сингл и на еден во двојки.
Наведено е дека неколку обложувалници ги пријавиле тие натпревари поради низа необични кладби, иако не се познати детали.
REPORT: Wimbledon Matches Under Investigation Over Suspicious Betting Patterns – UBITENNIS https://t.co/NZuf9z83yv
— Brad Gilbert (@bgtennisnation) July 13, 2021
Кога станува збор за мечот во поединечна конкуренција, се тврди дека станува збор за дуел од првото коло во кое учествувал натпреварувач од Германија. Се вели дека на крајот на вториот сет е платена петцифрена сума пари за точниот резултат. Исто така, беше објаснето дека потенцијалниот осомничен е ривал на тој играч од Германија. Не е наведено дали станува збор за машка или женска конкуренција.
Веднаш се појави список на оние кои имаа противник од Германија во првото коло, а тоа се тенисерките Стојановиќ, Паолини, Жу, Александрова и тенисерите Медведев, Шаповалов, Весели, Риндеркене, Опелка, Квон, Грикспор.
Potential suspect, according to the article, can be narrow down to:
Vesely
Shapovalov
Rinderknech
Opelka
Kwon
Griekspoor
Medvedev
Paolini
Stojanovic
Zhu
Alexandrova https://t.co/hqitmq3wUJ— enrico maria riva (@enricomariariva) July 13, 2021
Што се однесува до двојките, тоа е наводно натпревар од првото коло за мажи.
Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) е задолжена за започнување истраги за местење натпревари. На прашањето дали се испитувало што се случило на Вимблдон, од агенцијата велат дека не можат да коментираат за одделни случаи од оперативни причини, но дека имаат соодветни информации.
Ј. Ѓ.