ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: По секој цена не сакавме да креираме Закон за градење, ќе бидат вклучени стручна јавност и граѓанските организации

July 14, 2021 15:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска присуствуваше на стручната дебата по повод предлог на новиот Закон за градење, во организација на Друштвото на Патишта на Македонија.

Во своето излагање, тој истакна дека Владата ја справедува до сега најголемата реформа во градежната дејност во државата преку имплементација на новиот Закон за урбанистичко планирање и изготвување на новиот Закон за градење.

Со предлог Законот за градење, потенцираше министерот Бочварски, на современ и стручен начин се уредува материјата на изградбата на градби преку која се стимулира просторниот и економскиот развој на државата и се олеснуваат постапките за градење.

„Пред нас е предизвикот да ги спроведеме неопходните реформи за да може да воведеме високо ниво на професионалност и стандардизација на прописите и нормите во делот на градежната дејност.

Политиката што ја води оваа Влада во делот на градежното земјиште и урбанизмот е во насока на креирање нови законски решенија со кои сметаме дека ќе се олеснат постапките за работа на сите субјекти.

Таа политика веќе ја спроведуваме преку новиот Закон за урбанистичко планирање, сега продолжуваме со креирање на нов Закон за градење кој е предмет на сеопфатна дебата и стручна анализа и веруваме дека сите заеднички ќе изнајдеме квалитетни решенија за да го олесниме работење и да го поттикнеме градежништвото.

Би сакал да потенцирам една многу важна работа.  По секој цена не сакавме да креираме Закон кој би бил штетен како и претходните. Затоа изминатиов период, целата стручна јавност, граѓанските организации и сите други чинители вклучени во оваа проблематика учествувавте во креирање на овој нов Закон со свои предлози и решенија.

Ќе се сложите со мене дека градежната дејност има непроценливо значење за развојот на нашата земја.

Од економски апсект, градежништвото учествува со преку 30 проценти во Бруто домашниот производ, вработува преку 40 илјади работници, а поддржува уште 36 други стопански гранки.

Затоа е многу важно да создаваме услови на континуитет на градежна експанзија во земјата, но притоа мора да понудиме нови знаења, нови норми и методи кои ќе ги прилагодиме на домашната легислатива.

Со овој Предлог Закон за градење, на современ и стручен начин се уредува материјата на изградбата на градби преку која се стимулира просторниот и економскиот развој на државата.

Во исто време се стимулира инвестирањето во градење,  се зајакнува улогата на стручната јавност и правата на странките и на крај, се овозможува разрешување на наталожените децениски проблеми во градежната дејност.

Со предлогот на новиот Закон за градење се уредуваат постапките од фазата на изработка на проектната документација, градењето, употребата и одржувањето на градбите, со обезбедување на усогласеност на изградбата со просторните и урбанистичките планови и проекти, преку заштита и унапредување на животната средина.

Понатаму се регулираат управните и другите постапки со кои се дозволува и контролира изградбата,  правата и обврските на учесниците во изградбата и  други прашања поврзани со изградба на градбите.

Постојниот закон за градење е менуван повеќе од 30 пати од основниот закон што беше донесен 2005 година.  Во важечкиот закон за градење е извршена вистинска деструкција на целата област на уредување на просторот и градењето, која дополнително е зголемена и со слабеење на инспекцискиот надзор на целата територија на државата.

Опцијата постојниот закон да се поправа со измени и дополнувања, не е прифатлива, бидејќи се работи за погрешни решенија што се донесувани цела деценија и што го компромитираат практично секој член од законот.

Донесување на нов закон за градење, во кој на современ, стручен и европски ориентиран начин ќе се уреди материјата на градењето и ќе го овозможи просторниот и економскиот развој на државата, е единствената прифатлива опција за решавање на состојбите во дејноста.

Основни цели на Предлог на Законот за градење се:

  • уредување на материјата на проектирање, на издавање на акти за градење, подготвителни работи, уредување на градилиште, градење, уредување на градежносто земјишти и приклучување на градбите на инфраструктурните системи, пуштање на градбите во употреба и нивното употребување и одржување според нивната намена
  • категоризацијата на сите  градби што се градат на целата територија на државата
  • скратување на постапките за  издавање на актите за градење со воведување на обединета постапка за сите видови на акти за градење, што позитивно ќе влијае на динамиката и развојот на градежните индустрии, вкупните економски состојби и инвестициските циклуси.
  • зголемување на транспарентноста, инклузивноста, партиципативноста и стручноста во процесот на  изградбата,
  • редукција и рационализација на казнената политика во областа на градењето,
  • укинување на прекумерниот број на некоординирани позитивни мислења, согласности и формални елаборати што само го обременуваат процесот на изградба,
  • воспоставување на законска основа за развивање и операционализација на информациски систем за следење на изработувањето, донесувањето, спроведувањето и следењето на спроведувањето на урбанистичките планови и издавањето акти за градење,
  • усогласување на законот за градење со законот за урбанистичко планирање и другите сродни закони, а воедно негово усогласување со европското законодавство.
  • враќање на уставноста во законодавната материја, како и уредување на уставната поделба на надлежностите во уредувањето на просторот и градењето, на работи од државно и од локално значење.

Би сакал да нагласам дека успешното спроведување на еден вакон современ Закон, ќе зависи особено од кадровското и административното опремување на органот на државната управа како и на капацитетите на единиците на локалната самоуправа, за обезбедување на функциите што со Законот им се дадени во надлежност.

На крај би сакал да потенцирам дека во процесот на изработката на овој Предлог Закон беа вклучени Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за култура, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, ЗЕЛС, Комора на овластени архитекти и овластени инжењери, , Архитектонски факултет, Градежен факултет, ИЗИИС – МСЦ, Стопанска комора на градежници, Агенција за катастар и недвижности, Агенција за просторно планирање

и други здруженија на стручната фела и засегнати институции кои се вклучени во постапките за градење.

Во моментов Законот се уште е во изработка, сите доставени предлози ги  разгледуваме и ги усогласуваме, вклучително и предлозите за пристапност на лицата со инвалидитет.

Заради почитување на транспарентноста и инклузивноста на јавноста,  истиот ќе биде прикачен на ЕНЕР за увид на засегнатите страни. Потоа Министерството за транспорт и врски како надлежен орган за регулативата од областа на градежништвото ќе пристапи кон понатамошна постапка за донесување на Законот за градење.“, истакна во излагањето министерот Бочварски.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Џабир Дерала

Libertad!

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk