ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Законот за инспекциски надзор во животната средина на јавна расправа

July 14, 2021 15:01
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во конструктивна дискусија со повеќе забалешки и коментари за подобрување на предлог-текстот, помина денешната јавна расправа по нацрт-законот за инспекциски надзор во животната средина.

-Убеден сум дека решенијата кои се нудат во овој закон ќе овозможат надминување на одредени констатирани слабости во функционирањето на инспекциските служби, пред се, во недостатокот на кадар и неговата континуирана специјализација, изјави министерот за животна средина Насер Нуредини, дополнувајќе дека не помалку значајна за зајакнување на инспекцискиот надзор е и соработката на централно и локално ниво, заради координирано и навремено дејствување и обезбедување соодветна заштита на медиумите и областите на животната средина.

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска посочи дека предлог законот за инспекциски надзор во животната средина треба овозможи донесување и користење алатки за стандардизација на надзорите и соработка помеѓу надлежните институции.

-Инициран е процес што ветува надополнување на одредбите на Законот за инспекциски надзор со специфики карактеристични за животната средина, рече Петровска, нагласувајќи дека е важно што поскоро да заврши со квалитетно законско решение.

Според Драгана Черепналковска од Секторот за ЕУ во МЖСПП, спроведувањето на инспекцискиот надзор е значаен показател за процесот на спроведување на законодавството од областа на животната средина. Овој предлог закон е подготвен уште во 2016 година во рамки на ЕУ твининг проект, а постапката за донесување е започнувана во неколку наврати. Законот е произлезен од потребата сите барања  од ЕУ директивите во однос на инспекторирањето да се вметнат на едно место. Законот опфаќа повеќе важни сегменти што ги следат промените во инспекцискиот надзор што се случија во измнатиов период. Главни прашања кои се уредуваат во предлог законот се организација на инспекцискиот надзор во животната средина, планирање на инспекции во животна средина,  почнувајќи од планирање и спроведување на инспекциски надзор во животната средина, надзор над законитоста на работата на органите на единиците на локална самоуправа, соопшти Министерството за животн асредина и просторно планирање.

На јавната расправа учествуваа претставници на повеќе граѓански организации и општини.

Нацрт-законот за инспекциски надзор во животната средина  е еден од законите од оваа област што е најдолго во постапка на донесување.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

July 18, 2025

Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

July 18, 2025

Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од тоа гајбите по зградите на диво има ли нешто поевтино – за пријател прашувам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk