ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Предлог-законот за учебници е повторно отворен за сугестии, дебати ќе има во септември

July 16, 2021 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-законот за учебници кој Владата го повлече од собраниска процедура за да биде на јавна расправа, повторно е отворен за сугестии и предлози откако и претходно беше на ЕНЕР (Електронски регистар за прописи), соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

Одговарајќи на новинарски прашања при посета на средното училиште „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров по повод реконструкцијата на објекото, Царовска не прецизираше кога Предлог-законот повторно ќе биде вратен пред пратениците и соопшти дека дебати ќе има во септември.

– Сега е летен период и ги чекаме експертите. Тој беше достапен на ЕНЕР повеќе од два месеца и сите аргументи беа земени предвид во финалното решение. Сега повторно тој е отворен и граѓаните може да испраќаат коментари, а имаше и претходно мејл-адреса. Очекувам да направиме рунда на дебати од септември, кога сите ќе се вратат од летните одмори и потоа да одлучиме како ќе го пуштиме законот во Собрание, иако ставот на МОН и на Владата е дека не отстапуваме од процесот што е почнат – дигитализацијата која е единствен излез за нашите ученици да станат подобри, рече Царовска.

Таа додаде дека подготовките за прво и за четврто одделение се речиси готови – има нова концепција и нови наставни програми и материјали за учење што ги подготвува Бирото за развој на образованието.

– Очекувам дека по третата обука на наставниците во август ќе бидеме целосно подготвени и сите предизвици ќе се решаваат во тек. Но, стартуваме поподготвени од која и да е друга наставна програма која се донела во нашата држава. Дигитализацијата во образованието е нужна и не е прашање дали нашата држава сака или не сака, туку мора да фатиме чекор со светот и глобалните процеси. Тоа го покажа и пандемијата – да сме почнале пред десетина години со дигитализацијата, веројатно немаше да имаме цело полугодие на приспособување на образовниот систем во првата година од пандемијата, туку ќе бевме спремни, рече Царовска, додавајќи дека не смее да има мешање на дигиталните учебници со дигиталната настава.

Министерката за образование и во оваа пригода повтори дека има три сценарија за почеток на новата учебна година, од кои, доколку продолжи стабилната епидемиолошка состојба, приоритетно и за кој е подготвен образовниот систем, е сите ученици да се вратат во училиштата за настава со физичко присуство со соодветни протоколи.

Покрај ова, има уште две сценарија доколку состојбата се влоши – настава на далечина, како во изминатата учебна година, и хибриден модел т.е. неделно ротирање на учениците во две групи за настава во училиштата и онлајн од дома.

Царовска додаде дека согласно бројките и по препорака на Комисијата за заштита од заразни болести ќе се организира наставата, нагласувајќи дека ако сите ги почитуваме протоколите и превентивните мерки и се грижиме за своето и здравјето на најблиските тогаш, рече, можеме да опстанеме и подолг период со полни училишта во наредната учебна година.

извор: МИА
Next Post

77,2 проценти зголемување на прометот во индустријата на странските пазари во однос на лани

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk