Прометот во индустријата на странските пазари во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, се зголемил за 77,2 отсто, информираат од Државниот завод за статистика.
Бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 81,1 процент, Капитални производи за 121,5 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 50,3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 проценти.
Прометот во индустријата на странските пазари, во мај годинава во однос на претходниот месец е со раст од 3,9 проценти, а во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на истиот период лани е зголемен за 35 проценти.
Прометот во индустријата, пак, вкупно во мај годинава во однос на истиот месец лани е зголемен за 58 проценти.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај годинава во однос на мај минатата година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 57,1 процент, Капитални производи за 116 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 54,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,4 проценти.
Прометот во индустријата вкупно во мај во однос на април годинава, бележи раст од 1,9 проценти, додека во периодот јануари – мај година, во однос на истиот период лани од 28,1 процент.