ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДКСК ќе го прати до Уставен мислењето за Законот за стратешки инвеститор за изградба на автопатишта

July 16, 2021 16:44
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе го даде на Уставен суд своето мислење по однос на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, откако денеска претседателот на државата Стево Пендаровски го потпиша указот, изјави за МИА претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

– Законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник или пратеничка група не гласале против. Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти, наведува Кабинетот на Пендаровски во соопштението.

Од ДКСК се категорични дека ќе ги користат сите алатки што се овозможени во системот да ги употребат во вакви случаи и нема да се откажат.  Ивановска, претходно на прес – конференција денеска потенцира дека охрабрува тоа што претходниот пат кога Пендаровски, како што рече, покажа зрелост да не го потпише Законот за правен статус на бесправно изградени објекти и како што рече, „ако е во функција на одбрана на својот интегритет, очекуваме и овој Закон да не го потпише бидејќи има сериозни уставни прекршувања“.

Прес-конференција од ДКСК информираа дека требало денеска да го достават до претседателот на Собранието, но вчера законот е донесен во скратена постапка од стана на пратениците и затоа најавија дека в понеделник ќе го упатато до шефот на државата Стево Пендаровски и понатаму до надлежните институции.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, укажа дека ставот на ДКСК, по извршена антикорупциска проверка, е оти овој закон, како целина претставува висок ризик фактор за корупција и судир на интереси и во суштина го суспендира правниот систем во државата, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Додаде дека донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса, ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси.

– Нема јавен интерес каде има вакви политички мудрости, сплеткарења. Во функција на јавниот интерес треба отворено, транспарентно да се излезе пред народот и да се каже зошто и како се поставни работите, а не вака од скратена поскратена постапка да се донесува закон во Собрание што е од многу важно значење за целата држава, рече претседателката на ДКСК.

Чувството во ДКСК што се гради во овој период, нагласи Ивановска, е дека борбата против корупцијата од страна на останатите чинители во општеството останува декларативна и селективна.

–  Нас тоа ни побудува чувство дека сме осамени во таа борба што сметам дека е многу лошо за нашата ситуација во државата, истакна Ивановска.

Во образложението на мислењето на ДКСК за овој закон, меѓу другото, стои дека се крши со Устав загарантираната слобода на пазарот и на претприемништвото и обврската на државата да обезбеди еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и во директна спротивност со обврската на државата да презема мерки против монополската положа и однесување на пазарот.

Ивановска, меѓу другото, посочи дека во законот постојат правни празнини кои оставаат отворен простор за субјективизам, арбитрерност, политичко влијание, тргување со моќ и дискреција при конституирањето на Комитетот за преговори, а на сметка на стручноста, компетентноста и професионализамот.

– Овој Комитет е клучниот фактор за утврдување на договорот со стратешкиот партнер и недозволиво е од аспект на одредбите на Законот за спречување корупција и судир на интереси да се остави таква недореченост, правна празнина во однос на составот, квалификациите и стручното портфолио на членовите, рече претседателката на ДКСК.

Законот што вчера го усвои Собранието, на предлог на група пратеници,  е  конкретна реализација на  Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола. Со него првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер, за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа.

Со предложеното законско решенија сe уредува проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 8 и проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 10 Д, како поединечни проекти за капитални инвестиции од стратешко национално значење за државата.

Next Post

Шахпаска: Обезбедивме 55.500 хигиенски пакети за ранливите семејства

НАЈНОВО

Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025
Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk