ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од денеска нови мерки во Грција, се воведуваат„Covid free“ простори

July 16, 2021 09:31
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Внатрешните делови на кафулињата, рестораните, ноќните клубови, како и кината и театрите во Грција, од денеска почнуваат со работа, но само за вакцинирани гости или за лица кои прележале Ковид-19, а сертификатите ќе се проверуваат преку специјалната апликација „Covid free“, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката на грчката Влада стапува денеска во сила, ќе важи до 31 август, а се однесува исклучиво на затворените делови и на конкретните објекти, во кои дозволено е само седење.

Внатрешните делови на местата за забава, ноќните клубови, рестораните, кината, театрите ќе работат со 85 отсто од капацитетот, а за надворешните простори постои можност сопствениците да одберат дали ќе бидат „Covid free“ или мешани, односно и за вакцинирани и за невакцинирани,  додека пак стоењето ќе биде забрането и на отворено и на затворено.

-Оваа година летото, ќе биде лето на седнати, знам дека ова за многу изгледа апсурдно и тешко, но вирусот и пандемијата не ни оставаат простор да си играме со ова прашање, истакна во вторникот министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис и објасни дека поголемиот дел од позитивните случаи на Ковид-19 од изминатиот период се од забави и танцувања во ноќните клубови и кафулињата.

Иако првично, пред две седмици беше најавено дека внатрешните делови ќе бидат по избор на сопствениците или „мешани“ или „чисти“, сепак Георгиадис објасни дека тогаш бројот на новозаразени беше околу 500, со надолен тренд, за разлика од сега кога бројот на нови случаи континуирано се зголемува, па затоа било одлучено, на затворено да биде дозволен влез само за вакцинирани.

Веќе се објавени и достапни и специјалните знаци што ќе покажуваат дека станува збор за  „Covid free“ простори, а дополнително во приватниот и јавен сектор доколку персоналот е целосно вакциниран, постои дополнителен знак  што може да биде поставен.

Казни од 2.000 до 10.000 евра за прекршување на правилата на работа

За прекршување на конкретните мерки предвидени се и строги парични казни и привремено затворање на локалите.

При првото прекршување, доколку објектот е до 200 метри квадратни, казната е 2.000 евра, а над 200 метри квадратни, 5.000 евра и седум дена затворање.

При регистриран  втор прекршок, без разлика на големината на објекрот, паричната казна е 10.000 евра и затворање на 15 дена, а при трето прекршување на мерките привремено се одзема дозволата за работа на 60 дена.

Санкции може да има и по откако ќе биде направен прекршок, односно доколку постои материјал на социјални мрежи и сл што покажува неусогласување со правилата.

Преку апликацијата „Covid free GR“  ќе се врши проверка на сертификатите

Клучна за спроведување на мерките е специјалната апликација „Covid free GR“, која е бесплатна и преку која ќе се врши верификација на сертификатите.

При скенирањето на специјалниот код, како што објави МИА, ќе се појавува зелен знак за сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19, жолт во случај на негативен рапид или ПЦР тест и црвен знак што значи грешка или невалиден сертификат.

За вакцинираните, потребно е да се поминати 14 дена од вакцинацијата, за оние кои прележале, тоа да биде во период до шест месеци од првиот негативен тест, за ПЦР тестот да биде во последните 72 часа, а рапид тестот во последните 48 часа.

Спортските натпревари во Грција само за вакцинирани

Посебни правила ќе важат и за спортските натпревари, без разлика дали се одржуваат на стадиони или во затворени спортски сали.

Влезот ќе биде дозволен само со сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19.

Ќе работат со 80 отсто од капацитетот, од кои пет проценти може да бидат деца, кои претходно ќе имаат негативен селф тест, а максимален дозволен број на гледачи е 25.000 за стадионите и 8.000 за затворените сали.

Next Post
МИА

Јанев: Идејата привремената влада на Бугарија да стане редовна, е егзотична

НАЈНОВО

Зголемување на цените на горивата од полноќ

October 27, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk