ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УНИЦЕФ ја претстави алатката U-Report за млади што им овозможува да го споделат своето мислење за прашања што им се важни

July 16, 2021 16:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

УНИЦЕФ заедно со млади, носители на одлуки, претставници од меѓународната заедница и експерти, ја претстави алатката U-Report – платформа за поддршка на младинско учество што им овозможува на младите да ги споделат своите мислења за прашања што им се важни и да креираат позитивни промени во своите заедници. Младите од нашата земја сега имаат можност да станат дел од глобалната заедница U-репортери со регистрирање на чатботот U-Report MK на Вибер.

Како што соопштија денеска од УНИЦЕФ, U-Report е активна во 85 земји ширум светот, со повеќе од 15.000.000 U-репортери кои преку алатката имаат можност да учествуваат во важни процеси на носење одлуки, креирање политики и стратегии кои ги засегаат младите и нивната иднина.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, заменик претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов, заменик претставникот на Делегацијата на Европската унија, Џулијан Васало,  претставници на меѓународната заедница и експерти им се придружиле на младите во три дискусии на теми поврзани со образование, животна средина и ментално здравје. Младите имале можност да дознаат повеќе за U-Report и како да се регистрираат, да го пополнат прашалникот на чатботот, но и да го споделат своето мислење на интерактивните инсталации поставени во секое тематско ќоше.

– Ги слушаме младите, затоа преку реформите ги поттикнуваме на критичко размислување и на јакнење на нивната гласност и самодоверба. Фокусирани сме на крупни промени во образованието, како најдобар механизам преку кој се влијае на начинот на размислување и однесување на младите. Со ова од најрана возраст ќе учат да се борат за своите права и ставови а со тоа заеднички ќе придонесеме за создавање и градење на подобро општество за сите нас, рекла министерката Царовска, стои во соопштението.

Темите за дискусиите биле избрани врз основа на мислењата што младите ги споделиле како дел од иницијативата „Преосмисли ја иднината“ што ја спроведуваат УНИЦЕФ и Канцеларијата на претседателот на државата Пендаровски. Преку онлајн прашалник и серија  тематски работилници, младите ги идентификувале образованието, животната средина и менталното здравје како теми кои им се најважни и за кои сакаат да видат промени во земјата. U-Report ќе служи како платформа да го претставува гласот на младите и да продолжи да ги вклучува во разговори на овие и други теми што влијаат на нивната иднина.

– Треба да ги обезбедиме вистинските платформи и механизми за да осигураме младинско учество на повисоко ниво што ќе им овозможи на младите активно да бидат вклучени во процесите на носење одлуки. Младите имаат глас, а платформи како U-Report служат да дадат фокус на нивните мислења и да им помогнат да продолжат да бидат гласни за прашања кои ги засегаат. Оваа алатка ќе има влијание само доколку младите се регистрирааат и ја користат за да ги искажат своите мислења, а носителите на одлуки слушаат, истакнал Артур Ајвазов, заменик претставник на УНИЦЕФ.

Целта на U-Report е да овозможи размена на информации и собирање на податоци во реално време. Податоците им помагаат на носителите на одлуки во процесите на креирање стратегии, политики и услуги базирани на реални потреби, како и следење на напредокот во остварување на стратешките развојни цели и остварувањето на детските права.

Next Post

ДКСК ќе го прати до Уставен мислењето за Законот за стратешки инвеститор за изградба на автопатишта

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk