Единствената политичка понуда на E Majta (во превод од албански: Левица), како што до неодамна се претставуваше во јавноста, се ограничува на ширење национализам и етничка омраза. Со своите ултранационалистички пораки во јавноста и во парламентот, шефот на E Majta, веќе одамна ги премина сите граници на дозволеното во јавната комуникација и во политичкото дејствување. Кога лажеше шефот на Левица-E Majta?- пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.
Државната изборна комисија (ДИК) денеска изврши избор на компанијата што треба да го набави интегрираниот систем за биометриска индентификација на гласачите. Според најавите, повеќе информации во врска со набавката на овој систем и подготовките за локалните избори Комисијата ќе соопшти во текот на утрешниот ден.
Досега вкупно 1798 деца на возраст од 12 до 17 години покажале интерес за вакцинирање против Ковид-19. Вакцинирањето за нив ќе почне од понеделник и ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот што го навеле при пријавувањето.
Нема да дозволам политички цели да навлегуваат во делот на земјоделството. Секогаш кога луѓето што протестираат се во право или има врска со земјоделството јас сум спремен да седнам и да разговарам за да изнајдеме решение, порача вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денеска одржа работен состанок со директорката на Институтот за хигиена и технологија на месо од Белград, Република Србија Весна Ж. Ѓорѓевиќ и генералниот директор на компанијата за производство на месни производи „Златиборац“ Душан Кнежевиќ, како претставник на српската месна индустрија. АХВ ќе ја унапредува соработката со Србија на полето на безбедноста на храната.
М. Миткоска