ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вакцинацијата се одвива непречено, пријавени околу 1.800 деца и млади

July 17, 2021 09:29
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Вакцини против Ковид-19 во земјава има доволно, а процесот на имунизација функционира одлично. За релативно краток период вакцинирани се голем број граѓани изложени на поголем ризик на компликации од болеста. Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади на возраст од 12 до 17 години, а досега се пријавени вкупно 1798. Вакцинирањето за нив ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот што го навеле при пријавувањето. Најголем број пријавени деца и млади има во Скопје и тоа во поликлиниките: „Букурешт“ – 402, „Јане Сандански“ – 287, „Чаир“ – 110 и „Бит Пазар“ – пет. 

Од ресорното Министерство информираат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, аплицирани се вкупно 713.114 дози вакцини, а ревакцинирани се 267.106 граѓани. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација, пак, се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место и населба.

Во текот на денов, како што информираат од Министерството за здравство, теренска вакцинација ќе биде спроведена во повеќе населени места. Во Тетово: Шемшово, Сиричино, Прелубиште, Озормичте, Ратае, Туденце, Жилче, Раотинце, Јегуновце, Јанчиште, Подбреге, Копанце. Во Општина Долнени: Житоше, Кошино, Локвени и Подвис, во Прилеп – Мариово, во Виница: Црн Камен и Истибања, во Валандово – Јосифово и Удово, во Берово – Мачево. Во Струга – Луково и Нерези, во Крушево – Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Пуста Река и Острилци. Во Дебар – Џепиште и Отишани, во Кавадарци – Бошава и Конопиште, во Битола – Поешево, Долно Оризари, Карамани, Трн и Логоварди. Во Охрид – Годивје, Сливово, Турије, Мраморец, Врбјани и во Куманово – Матејче, Отља, Романовце и Черкезе.

Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија – АДКОМ, во соработка со Владата и Министерството за здравство, организира вакцинација против Ковид-19 на вработените во јавните комунални претпријатија, кои се негови членки. Вакцинацијата ќе се одвива и на пунктовите во Скопје – сала „Борис Трајковски“, Куманово, Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Тетово и Охрид.

Во моментов во земјава активни се 236 случаи на заразени со Ковид-19. Во изминатото деноноќие регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19 и осум оздравени пациенти, а починати нема. Од новите случаи во Тетово се 8, во Скопје 4, во Гостивар и Охрид по двајца и во Радовиш и Дебар по еден.

Досега во земјата се направени вкупно 923.515 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.882, бројката на оздравени пациенти е 150.159, на починати е 5.487.
Здравствените власти апелираат до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Во Русија во изминатото деноноќие од последици од Ковид-19 починаа 799 луѓе, што е најголем број на смртни случаи од почетокот на пандемијата. Од почетокот на пандемијата во Русија инфицирани се 5.907.999 луѓе, а починаа 146.868.
Грчката Влада, пак, ја разгледува можноста за поставување центри за вакцинација во универзитетските кампуси за имунизација на студентите со почетокот на академската година. Покрај тоа, ќе се разгледува начинот на кој студентите по речиси 20 месеци ќе се вратат во амфитеатрите.
Ноќните клубови, дискотеките, бузуки и слично во Грција, без оглед дали се на отворено или затворено, ќе примаат исклучиво вакцинирани гости или лица кои прележале Ковид-19, согласно новата министерска одлука.
Според здравствените власти, досега во соседна Србија изолирани се осум случаи на инфекција со делта сојот на коронавирус, но ги има и повеќе. Предупредуваат дека пандемијата сигурно нема да запре се додека не бидат 70-80 отсто вакцинирани во светот, како и во Србија.
Според истражување спроведено од седум универзитети во Велика Британија, младите хоспитализирани поради Ковид-19 се во подеднаква можност да им се искомплицира здравствената состојба како и на луѓето постари од 50 години.
извор: MИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Потпишан Указот за Законот за стратешки инвеститор за автопатите, ДКСК ќе го оспори пред Уставниот суд

НАЈНОВО

Лукашенко негира вмешаност на Белорусија во инцидентите со дронови над Полска и Литванија

September 16, 2025
Фото: Скриншот, видео на Х

(ВИДЕО) Израелски воени авиони го нападнаа јеменското пристаниште во Ал Худаида

September 16, 2025

Почина славниот актер Роберт Редфорд

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk