ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Само мачење ни останува

July 18, 2021 13:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Конструкцијата што се темели на разликување меѓу приватната сфера на семејството и јавната сфера на граѓанското општество (Хегел), денеска исчезнува: самиот семеен живот станува политизиран и се претвора во дел од јавниот домен, а јавниот професионален живот, станува „фамијализиран“, ( не нужно мафиотизиран), то ест, субјектите во него учествуваат како членови на една поширока фамилија, а не како одговорни и „зрели“ поединци.

Карикатуралните и, истовремено, самоубиствени димензии на овој жижековски процес, во нашата слатка Македонија, ги достигнаа хималајските врвови.

Не се знае дали дезинтеграцијата на патријархалниот авторитет ја води фамилијата во политизација или политизацијата го дезинтегрира авторитетот, но сеедно, ефектот е ист: семејството крахира така што ја губи симболичната и реалната моќ на патријархалниот авторитет во ликот, пред сè, на таткото, но и во општата и семејна, морална вертикала која пред новите предизвици се топи како сладолед на сонце и исчезнува од хоризонтот на поединецот.

Бадијала ќе расправаме и околу тоа дали дезинтеграцијата на семејството води во дезинтеграција на општеството, односно на државата, или е обратно.

Тоа е старата приказна за кокошката и јајцето.

Но, факт е дека општеството е претворено во ретка кајгана по чија површина се движиме како осакатени муви.

Билјана Ванковска, на пример, професорка, поранешна кандидатка за претседателка на државата, жената што е Ренато Курчо на Црвените бригади на македонската Левица, објави на својот фејсбук профил драматично соопштение во кое бара заедницата на социјалната мрежа, ИТНО да ѝ најде водоводџија. Добро, да ѝ помогне да најде водоводџија, но, сеедно, еден семеен проблем во корелација со општественото и политичко портфолио на професорката, е фрлен во јавниот домен.

Од друга страна, процедурите, персоналностите и интерполациите на кандидатите за градоначалници, многу убаво ја илустрираат тезата за приватизацијата на политичкото, на јавниот сектор, на општите работи.

Пеперутки од инсектариумот на лидерот.

Летаат над македонските градови.

Хахаха!

И презентацијата на првите политики на вмро: евтина струја, бесплатен гас, бесплатно пиво во сите кафеани на територијата на Северна Македонија, два пати на ден во неограничени количества, бесплатен секс, џабе бензин, џабе пари за станови и куќи… Џабе шпагети број седум и аџилак во вселената со Брансон скај такси.

Тоа ниво претставува драстично и опасно приватизирање на темата за општото добро од страна на една фамилија во која лудаците се единствениот авторитет надвор од атомизираното општество и членство.

И која лудоста на општеството ја зема како своја темелна претпоставка.

Проблемот тука, пишува Жижек, не е во патријархалниот авторитет и во еманципаторската борба против него, туку во новите облици на зависност кои произлегуваат од самото опаѓање на патријархалниот симболички авторитет.

Модерната фамилија беше структура која генерираше „автономен“ критички субјект кадар да се соочи со преовладувачкиот општествен поредок врз основа на своите етички уверувања. Непосредниот исход на дезинтеграцијата на татковскиот авторитет е растот на конформистичката, кон другите ориентирана, посебност. Денеска со исчекор кон нарцистичката посебност, тој процес е влезен во нова фаза.

Конформистичка посебност?!

Тоа е кога немате никакви други критериуми за своето постоење освен лајковите на фејсбук.

И затоа луѓето кои беа пристојни и реализирани, во суштина, среќни во класиката на модерната, во оваа постмодерно време прифаќаат да бидат обични кокошки во кокошарникот од Калифорнија. Тие се ослободија во новото ропство, пострашно од сите претходни ропства. Тука поединецот мисли дека учествува во уредувањето на јавниот интерес, при што проблемот не е само неговата илузија туку и фактот дека јавната сфера веќе е приватизирана, меѓу другото, и благодарејќи им на неговите усилби.

Кај нас во Македонија, тој (само)уништувачки процес го доживува својот врв во оцрнувањето на државата како општонационален спорт број еден. Милион луѓе секој ден изнесуваат докази (дупки, кражби, контејнери, убиства) дека државата е кич или дека е мртва, но не како грижа за државата туку како грижа за себе, државата односно грижата за државата им е картичка со која се објавуваат себе си, своето присуство, својот интерес да им се одговори каде се, дали се и дали се на вистинскиот пат…

Инаку со ваква општествена резонанца ние би ги оствариле сите идеали на филозофијата и политиката, од Платон до Фуко, Сартр и Лакан.

Во последните 50-60 години, вели загрепскиот професор Пуховски, се случува нешто како руинирање на авторитетите. Авторитетите ја губат социјалната позиција, прво политичка, па верска, па научна. Се разви атмосфера на недоверба во авторитетите. Пред 60 години кога се говореше за детската парализа, не беше спорно што дошла вакцина. Денеска е нова атмосфера на која посебно работи десницата, ги одбиваат сите државни и други авторитети.

Океј, но проблемот е во тоа што уништувањето на авторитетите не ги ослободува луѓето. Тие имаат илузија на слободата. Обратно – ги заробува. Тие стануваат жртви на процесите и ситуациите кои се развиваат, имено, во процесот на растурање на старите авторитети. Како вредносни и ориентирачки критериуми кои на субјектот му даваа одговори за тоа каде е, како е и каде оди.

Во опишување на новите феномени се превидува нивното преовладувачко хистерично и се преферира нивното перверзно односно психотично функционирање. Нè затрупуваат со толкувања кои истакнуваат дека киберпросторот отвора можности за полиморфно играње и перманентно преобликување на симболичкиот идентитет на личноста, или дека ја вклучува регресијата во психотичка инцестуозна нурнатост во Заслонот како мајчинска Ствар која нè голта лишувајќи нè од способноста на симболичката дистанца и рефлексија. Би можело да се каже дека најчестата реакција на сите нас сè уште е хистерична збунетост и перманентното пропрашување: „Како јас стојам со оглед на оваа анонимно Друго? Што тоа сака од мене? Која игра ја игра со мене?“

Да сумираме: Не е можно да се урне системот, а да не се урне Македонија, односно да не се урнеме сите.

И светот.

Не ние, туку сите како нас.

Нема уривање.

Само бавно, тешко и мачно надоградување.

Пичка ви лепа материна!

 

 


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk