ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

До крајот на месецов да се донесат измените на Законот за стечајци, очекува Шахпаска

July 19, 2021 20:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува пратениците да ги изгласаат измените на Законот за стечајци пред да заминат на годишен одмор.

Законот, според Шахпаска, би почнал да се имплементира кон средината или крајот на септември, а со него ќе бидат опфатени 1.100 стечајци или вкупно 13.000.

-Според информациите Предлог-законот ќе биде на следната седница во Собрание, на 22 јули, по неколку дена, а оди во скратена постапка. Штом се отвори на оваа седница, има можност пратениците да го изгласаат пред да одат на годишните одмори. Јас сум оптимист. Законот стапува веднаш во сила, но со оглед дека има период од 30 дена за работниците да поднесат барања, најверојатно кон средината или крајот на септември би можела да почне неговата имплементација, рече Шахпаска за дневникот на ТВ Сител.

Ова, потсети, е петта измена на Законот, произлегува од владината анализа и разговорите со стечајните работници, а предвидува месечниот износ на материјалниот надомест да биде 9.242 денара.

– Наместо досегашните 15 години работен однос, сега ќе има услов 14 години работен однос во претпријатие со доминантна државна сопственост кое може да се приватизирало, при приватизацијата да го зачувало единствениот матичен број или да го промени матичниот број, но да се докаже поврзаноста со претпријатието од кое произлегува фирмата ќерка: Нашите проценки се дека околу 1 100 работници ќе бидат опфатени со ова законско решение, истакна Шахпаска.

Во однос на законското решение со кое се обврзува пензионирањето со навршени 64 години, министерката обајсни дека исклучок од ова ќе бидат само вработените во здравството – здравствени работници и соработници, како и вработените во високото образование.

За породилното отстуство, останува предлогот да се продолжи и да се воведе „татковство“. – Ова законско решение чија драфт верзија е готова, ќе биде ставено на јавна дебата околу должината и траењето на породилното отсуство и татковството, рече министерката Шахпаска.

Next Post

Шахпаска на Сител ТВ: Пензискиот фонд е стабилен и во услови на пандемија, пензиите ќе продолжат да растат

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk