ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Пристигнаа првите туристи од Холандија кои организирано ќе летуваат во Охрид

July 19, 2021 17:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со чартер-лет на туроператорот „ТУИ“ денеска на охридскиот аеродром „Свети Апсотол Павле“ од Ајндховен пристигнаа првите туристи од земјите на Бенелукс кои организирано преку агенција ќе летуваат на Охридското Езеро.

Со тоа после подолг период наметнат поради епидемијата на корона-вирусот повторно се воспоставуваат редовните сезонски линии од Холандија до Охрид. Предвидено е оваа сезона туроператорот „ТУИ“ до Охрид да оперира со две авионски линии седмично, со предвидувања дека преку агенцијата оваа сезона тука да летуваат повеќе од 3200 туристи од Бенелукс.

Министерот за економија Крешник Бектеши изрази надеж дека после забраните што резултираа со намалување на бројот гости, пристигнувањето на првите туристи од Холандија ќе означи почеток на помасовно присуство на туристи во земјата.

– Како Министерство правиме големи напори да им олеснеме на странците да доаѓаат тука. Освен со олеснување на мерките ги исполнуваме и сите меѓународни обврски како што е обезбедувањето безбедносен печат за сите капацитети и со тоа да ја поместиме земјата во „безбедната“ зона…Нашите проекции се дека оваа година ќе имаме зголемен број странски туристи и поголем број ноќевања споредбено со минатата, рече Бектеши.

Тој истакна дека во насока на подобрување на ситуацијата во областа на туризмот Владата на денешната седница го усвоила и ребалансот на буџетот, со кој од претходно предвидените 1300 бројот ваучери за домашни гости е зголемен на четири илјади.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски рече дека полека се остваруваат оптимистичките предвидувања за зголемување на бројот странски туристи споредбено со лани.

– Според нашите предвидувања, оваа сезона ќе дојдеме на ниво во туризмот од 2017 година. Тоа значи и понатаму субвенционирање на странските туристи, а се надевме и работиме на анализи за подобрување на моделот за субвенционирање бидејќи се менуваат одредени правила и целни групи во туристичката сфера, рече Јаневски.

Последните мерки што ги воведе Полската влада за задолжителен карантин на туристите што биле на одмор во Македонија во голема мерка го намали очекуваниот број, особено оние што требаше да летуваат преку организирани аранжмани.

Според субјектите кои соработуваат со полски агенции и тур-оператори што ја нудат државава како дестинација, бројот на туристи од Полска оваа година е 20 до 30 проценти од она што било планирано. Иако полските туристи се меѓу најбројните летово во Охрид, сепак претежно се тоа индивидуални посети во сопствена режија, далеку помалку групни летувања со два чартер-лета седмично.

Јаневски изрази очекувања дека ситуацијата врзана за ограничувањата во Полска ќе се подобри, дека луѓето кои не се вакцинирани нема да мора задолжително да одат во карантин. Како мерка за олеснување на пристапот на туристите во државава  Агенцијата заедно со Министерството за економија обезбеди 50 илјади бесплатни ПЦР тестови што ќе им помогнат при враќањето на оние туристи на кои им е потребен.

Мерката за субвенционирање на агенциите кои организирано ќе носат странски туристи во земјата и натаму е во сила, со предвидени субвенции од 65 евра за гости од Холандија, односно 35 евра за гости од Полска од реализиран аранжман за три ноќевања со појадок.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk