Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Изреал во заминување, Н.Е. Дан Оријан, со придружна делегација
На средбата беше потенцирана одличната соработка помеѓу министерствата на двете земји во изминатитие неколку години, а една од темите на разговор беше и можноста за продлабочување на соработката во областа во повеќе области од взаемен интерес, при што фокусот на вниманието беше ставен на компјутерскиот криминал, како глобален предизвик.
Министерот Спасовски упати благодарност на израелскиот амбасадор Оријан за безрезервната поддршка од страна на Израел и изрази уверување дека успешната соработка ќе продолжи со несмалено темпо и со неговиот наследник на амбасадорската позиција во Република Северна Македонија.