Без корекции и без употреба на целосното уставно име, денеска ВМРО-ДПМНЕ му ја врати интерпелацијата на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Џафери неосновано и спротивно на Деловникот ја прогласил интерпелацијата за неуредна повикувајќи се на член, кој според нив, се однесува на предлагање на закони, а не на интерпелации.
ВМРО -ДПМНЕ, поддржана од Левица, поднесе интерпелација против Џафери бидејќи се обрати на албански јазик во Европскиот парламент