ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Врање досега се вакцинирани 11. 743 македонски граѓани со прва доза и 9 012 со втора доза

July 19, 2021 12:48
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Вакцинација

Вакцинација

Share on FacebookShare on Twitter

Во Врање од почетокот на вакцинацијата досега со првата доза вакцинирани се 11. 743 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9 012 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти порталот Врањењуз, повикувајќи се на Здравствениот центар во овој град, до 18 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини кои се дадени во Спортската сала изнесува 75.860. Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 11. 43, додека бројот на вакцинирани граѓани на БИХ е шест граѓани.

Бројот на граѓани на Република Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 9 012 и седум државјани на БИХ.

Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27. 781, додека со втора доза се вакцинирани 27 202 српски државјани.

Ако се земат предвид сите овие бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм – вкупно 48 586 пати (прва доза 24.771, а втора 23 815), потоа следува Фајзер, која е дадена во вкупно 20.995 случаи (првата доза 11 162, а втората 8 933), рускиот Спутник В е даден во 6.255 дози (прва 3.149, а втора 3.106) и Астра Зенека аплицирана во 932 случаи (455 + 477).

За време на викендот во Врање дадени се 581 доза вакцини. Во саботата, бројот на вакцинирани изнесуваше 334, а во неделата 247. Во неделата, најмногу вакцини беа дадени на Фајзер – 33 прва и 117 втора доза. Кинескиот Синофарм аплициран е во 15 случаи (прва) и уште 82 (втора доза). Вакцините Спутник и Астра Зенека не беа дадени за време на викендот.

Кога станува збор за вакцинирање на Македонците, во неделата 39 од нив ја примиле првата доза, а 189 втората доза од една од двете достапни вакцини. Ако бројот на вакцинирани Македонци се одземе од вкупниот број на имунизирани лица во недела, може да се види дека бројот на вакцинирани граѓани на Врање е 19 (7,7 отсто). Во саботата, од вкупно 334 вакцинирани, 299 биле македонски државјани (89,5 отсто).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Северна Македонија и Албанија вклучени во француски проект за заштита и вреднување на старите урбани јадра

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk