ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Министерството за транспорт е само една од алките при носење на урбанистички планови, одлуките се на општините

July 20, 2021 19:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стручната комисија при Министерството за транспорт и врски го даде своето мислење, но на крајот на денот одлуката за тоа дали ќе се донесе суспензија или не на одреден урбанистички план го имаат советниците и Советот на Општина Центар, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во однос на просторот спроти  хотелот „Холидеј ин“.

Министерството за транспорт и врски, посочи Бочварски во гостувањето на ТВ Канал 5, е само една од алките при носење на урбанистички планови за кои дава согласност, додека Деталните урбанистички планови се сопственост на општините, а Генералните урбанистички планови се сопственост на градовите.

–  Тоа е според законот и ние дополнително дадовме можност со новиот закон некоја општина да побара суспензија на дел од планот или на цел план, таму каде што е нарушен јавениот интерес, изјави Бочварски.

Од општина Центар, нагласи тој, беа поднесени 13 барања за преку 20-тина урбанистички планови за суспензија, што е некаде повеќе од половина од сите детални урбанистички планови во општината.

–    Ние формиравме стручна комисија, не политичка, што е многу важно и затоа не сакам да дозволам темата да се води политички, туку ова е исклучиво стручна дебата што ја имавме во Министерството и се разговараше меѓу Министерството и општина Центар. Со тоа ние го дадовме нашето мислење, но притоа рековме одлуките се во општина Центар и во Советот на општина Центар, изјави Бочварски.

Во однос на дебатата, посочи Бочварски, клучниот и конечен збор треба да го имаат стручните луѓе во општината кои ќе го информираат Советот на општината и таму ќе се донесат одлуките.

 

Next Post

Змејкоска: Градоначалникот на Сопиште со криминален договор ги одзема игралиштата од граѓаните

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk