ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски-Момировиќ: Зајакнување на добрососедските односи и заеднички економски развој се иднината на земјите од Западен Балкан

July 20, 2021 15:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска на граничниот премин „Табановце“ ја прими делегацијата од Република Србија, предводена од министерот за инфраструктура, градежништво и сообраќај, Томислав Момировиќ.
Двајцата министри симболично поделија М-картички за наплата на патарини на српски државјани кои транзитираат низ државата. Оваа заедничка активност покажува чин на благодарност кон Република Србија и граѓаните на Република Србија за хуманиот однос кој во време на најголемата здравствена криза, несебично доделија бесплатни вакцини за нашата држава и граѓаните, истакна министерот Бочварски.

„Оваа мерка со одлука на Владата се реализира за период од 15 јуни до 15 август.  До сега Министерството за внатрешни работи има поделено преку 41 илјада картички.  Овој процес продолжува и понатаму и уверен сум дека овој чин на благодарност е прифатен и веруваме дека праксата на добрососедство и во најтешките моменти ќе продолжи обострано да се реализира“, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот Бочварски потенцираше за подигнување на соработката меѓу двете земји во делот на транспоротот и инфраструктурата, заради забрзување на регионалните проекти и економско зајакнување на целиот регион.

„Развојот на регионот е условен од поденаков развој на сите земји од Западен Балкан. Потребна ни е заедничка соработка, регионални проекти во рамки на разните регионални иницијативи за да овозможиме просперитет за нашите земји и на нашите граѓани. Во таа насока Република Северна Македонија останува партнер со соседите во креирање на заеднички политики и мерки за зголемување на регионалната соработка, за олеснување на трговијата и транспортот. Така создаваме нова слика за разиен Балкан“, изјави министерот Бочварски.

Тој нагласи дека имаме добри билатерални односи со Република Србија и заеднички работиме на проекти за регионално поврзување во делот на железничкиот транспорт.

Министерот за градежништво, инфраструктура и сообраќај Томислав Момировиќ, истакна дека двата народи ги поврзува историјата и тоа е особено видливо во пандемијата кога Србија покажа солидарност и храброст кон своите соседи.

„Во знак на благодарност Владата на Република Северна Македонија одлучи на граѓаните на Република Србија да им овозможи бесплатно користење на патиштата во тековната сезона. Во името на сите граѓани на Република Србија сакам да се заблагодарам на Владата на Северна Македонија за бесплатните смарт картички за нашите граѓани.  Исто така овој гест ќе даде дополнително значење на иницијативата за „мини Шенген”, поттикната од претседателот Вучиќ и премиерот Заев, заради зголемување на нашиот економски простор, овозможување на транспорт на стока и луѓе и јакнење на конкурентноста на целиот регион“, изјави министерот Томислав Момировиќ.

На средбата, двајцата министри разговараа и за инвестициите во  железнцата, за изградба на заедничката железничка станица во Табановце, за гасификацијата како и регионалното поврзување во делот на патната инфраструктура.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми

July 18, 2025

Кривична пријава за два обида за убиство, тешки кражби и поседување оружје, лишено од слобода едно лице

July 18, 2025

МОК ќе ја претстави македонската младинска олимписка делегација на ЕМОФ Скопје 2025

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од тоа гајбите по зградите на диво има ли нешто поевтино – за пријател прашувам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk