ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МТСП: Инклузијата на лицата со попреченост е врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика

July 20, 2021 16:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Инклузијата на лицата со попреченост е врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика и за таа цел преку повеќе проекти работиме на унапредување на правата и положбата на лицата со попреченост, информираат од Министерството во во врска со најавениот протест на неколку здруженија на лица со посебни потреби.

Како што велат оттаму, речиси сите проекти се креирани врз основа на тесната соработка со невладиниот сектор, а во дел од нив граѓанските организации и здруженија се јавуваат и како даватели на услуги, со единствена цел социјалните услуги да бидат поблиску до граѓаните.

– Само во изминатите десет месеци Министерството за труд и социјална, преку законски измени, ја намали возрасната граница за стекнување на правото на личен асистент од 18 на 6 годишна возраст. Тоа значи дека секое дете со потешка и најтешка физичка попреченост или потполно слепо дете ќе може да добие личен асистент, со што го поттикнуваме личниот и образованиот  развој на децата и им помагаме на родителите во секојдневната грижа за нив, стои во соопштението од МТСП од каде што потсетуваат дека мината недела беше промовирана апликацијата за слепи лица – Аудио читач, која беше подготвена во тесна соработка со Националниот сојуз на слепи лица.

Од Министерството велат дека работат и на имплементација на Меѓународната класификација на функционалност која ќе овозможи сеопфатен преглед на можностите и способностите на секое дете со попреченост, како и на потребната социјална, образовна или друг вид на поддршка за унапредување на целокупниот развој на личноста, а, како што велат, врвен приоритет за вклучување на лицата со попреченост во општествените текови на животот МТСП е и инклузивноста уште од предучилишното образование, поради што само во текот на 2021 година, отворени се вкупно 13 градинки кои ги задоволуваат сите стандарди за физичка пристапност и престој на деца со попреченост.

Дополнуваат дека во 24 општини во земјава во завршна фаза се подготовките за воспоставување на услугите помош и нега во домот, центри за дневен престој и услуга за рехабилитација и реинтеграција, наменети за 900 корисници а наскоро ќе биде отворен и Центарот за одмена на семејната грижа во Демир Капија со капацитет од 250 корисници годишно, во кој семејствата кои се грижат за членови со попреченост добиваат можност за одмор во времетраење од 15 дена годишно.

– Продолжува и процесот на деинституционализација, во текот на април беа формирани два дома за живеење со поддршка за девет поранешни корисници на Специјалниот завод Демир Капија, а во завршна фаза се подготовките за нови четири дома за живеење со поддршка за лица со интелектуална попреченост кои во моментов се сместени во институциите, велат оттаму, при што додаваат дека во март оваа година го отвориле Дневниот  центар за деца со попреченост од 14-26 години во Топанско поле, а уште два Дневни центри во Делчево и Липково се во фаза на подготовка.

Од МТСП велат дека со оглед на тоа дека интересот за целосна инклузија и унапредување на правата и положбата на лицата со посебни потреби е заеднички, Министерството за труд и социјална политика, како и секогаш, е отворено за разговор со претставници на организаторите на протестите најавени за денеска.

извор: MИА
Next Post

Просечната плата во мај достигна 28.721 денари

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk