ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Змејкоска: Градоначалникот на Сопиште со криминален договор ги одзема игралиштата од граѓаните

July 20, 2021 19:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелниот градоначалник на општина Сопиште, Стефче Трпковски, ги прави последните криминални договори за да си обезбеди дополнителен постојан извор на приходи, и тоа 100-тина дена пред да ја напушти градската фотелја која требаше да му послужи да биде татко на општината, а не бизнисмен кој ќе склучува штетни договори, на денешната прес-конференција изјави Драгана Змејкоска, секретар на СДММ Сопиште.

„Овој пат „изворчето“ го најде во повеќенаменското игралиште, кое во 2012 на големи ѕвона беше промовирано од неговата режимска партија, а за која Агенцијата за млади и спорт и Владата издвоија десетина милиони денари, давајќи го на управување на локалните власти.

И токму локалната власт од истата режимска партија, непосредно пред заминување, склучува договор со т.н. Здружение за заштита и унапредување на животната средина ЕКО ГРАНД, на која ѝ ги дава на управување и користење спортските терени во с.Сопиште, на место викано Јанковец, без никаква надокнада кон општината, и тоа во времетраење од четири години со можност за продолжување на договорот. И како тоа да не е доволно, ами Трпковски ставил во договорот во име на сите нас, токму на ова здружение да МОРА му се даде предност, доколку по завршување на овој договор се појават и други заинтересирани субјекти или дури и општината да сака да си го врати во владение игралиштето.

Меѓу бенефитите кои ги добива ова здружение е закажувањето термини за користење на терените од страна на правни и физички лица, кои за тоа ќе плаќаат надомест. Па нели игралиштето е направено за младите од Сопиште да имаат свое врталиште и место за рекреација? Каков надомест тогаш барате да платат родителите на истите тие деца за да спортуваат на него? Притоа, надоместот кој се бара е без конкретен тарифник, туку во вид на т.н. донации.

Зошто токму донации? Затоа што се тие најчистиот начин да се соберат средства, а никој да не ја знае конкретно исплатената сума. Која е обврската на Здружението кое „лапа“ еден ваков колач финансиран од државата за добробит на населението?! Е т.н. Здружение ќе треба да одреди само паркинг место за посетители и да постави корпи за отпад. Толку! Нели е тоа обврска на општината? Очигледно за Трпковски не е, но затоа пак потрошената електрична енергија и водоснабдувањето тој шерифски ги презема како обврски на Општината, а ја става на располагање и општинската механизација за уредување на просторот до терените за фудбал и тениското игралиште. Иронично! ЕКО ГРАНД ќе газдува, а општината ќе му дава ресурси и ќе му ги плаќа сметките!

Истиот тој Трпковски, кој неодамна, по бројните реакции на жителите на Сопиште во дневните весници, дека игралиштето и просторот околу него прераснаа во депонија, а не во место за играње на нивните деца, ги уверуваше медиумите дека редовно се грижи за хигиената преку ЈКП Сопиште, а за состојбата ги обвини несовесните граѓани од општината, со овој договор покажува колку е неспособен да си го среди сопствениот двор. Во склучениот договор, тој се обврзува заедно со ЕКО ГРАНД да си помагаат во наводното расчистување на овие депонии. Како тоа „да си помагаат“, без притоа да се знае точно кој каква обврска презема и кој плаќа пенали доколку не ја изврши? Чија обврска се депониите? На некое си Здружение или на Општината, во чии рамки постои комунално претпријатие за чии услуги плаќаат жителите на Сопиште? И, зошто некој, кој со договор има само права, но не и обврски би го засегала нечистотијата во општината и благосостојбата на нејзините жители?

И уште нешто: во договорот стои дека доколку случајно дојде до предвремено одземање на спортските терени порано од предвидениот временски период од 4 години, згора на сѐ Општина Сопиште е таа која се обврзува да плати надомест на ЕКО ГРАНД за инвестираните средства за одржување на просторот.

Ова е уште еден очајнички обид на градоначалникот во заминување, Стефче Трпковски, по бесрамната распродажба на земјиштето во општината, да си создаде ново изворче за приходи. А притоа да стави потпис и печат на предвреме злоупотребената идна општинска власт, која ќе биде приморана да го спроведе овој негов бизнис договор. А кога ќе заврши правниот основ на договорот, дури и да не е задоволна од новиот газда на игралиштето, Општина Сопиште согласно договорот ќе мора да му даде предност повторно нему. Во спротивно, ќе плаќа пенали за туѓа бизнис зделка. На чија штета? Секако, на Сопиштани! Тие ем ќе го загубат овој нивен долгоочекуван спортски простор наменет за користење на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување, ем ќе мора да плаќаат за негово користење.“, истакна Змејкоска на денешниот прес

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вечерен преглед: Тајната војна на Орбан против медиумите, криминални договори на градоначалникот од Сопиште, одлуките за ДУП-овите се на општините

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео

Трамп: Хамас мора да се разоружа, во спротивно САД ќе интервенираат

October 15, 2025

Грчките супермаркети ги намалуваат цените на над 2.000 основни производи за 8%

October 15, 2025
Скриншот

Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk