ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стоев: Дијалогот меѓу Софија и Скопје мора да продолжи, треба да градиме прагматична политика

July 23, 2021 14:47
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Дијалогот меѓу Бугарија и Северна Македонија мора да продолжи и во иднина, за остварување на единствената и заедничка цел – земјата да започне преговори со ЕУ, изјави денеска вршителот на должноста бугарски министер за надворешни работи Светлан Стоев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стоев нагласи дека на средбите со претставници на земјава за време на Форумот во Дубровник, бугарскиот заменик министер за надворешни работи Румен Александров предложил разговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија да продолжат и да не се губи време во билатералниот дијалог.

– Александров во моментов е во Словенија, каде што е и македонскиот вицепремиер Никола Димитров и доколку побара, тој може да се види и да разговара со неговиот бугарски колега. Емоциите се пречка, треба де се гради прагматична политика меѓу Бугарија и Северна Македонија, потенцира Стоев.

Тој нагласи дека промена на Уставот на Северна Македонија е еден од начините за решавање на проблемите со припадниците на бугарската национална заедница во земјата.

– Ние ја третираме Република Северна Македонија како суверена држава со сето она што произлегува од таквиот однос, изјави Стоев, додавајќи дека бугарското Министерство за надворешни работи треба „да добие поширока рамка за водење на процесот на преговори“.

Шефот на бугарската дипломатија нагласи дека Бугарија ја третира Северна Македонија со почит, но дека земјава, според него, треба да ја увиди реалноста. Тој како пример за добрососедство ги посочи скандинавските земји, кои, како што рече, постигнале вистинско разбирање и партнерство.

– Данска беше една земја со Норвешка до 1905 година, а денес тие го надминаа минатото и се многу блиски, додаде Стоев, кој пред именувањето за бугарски министер за надворешни работи беше амбасадор на Бугарија во Копенхаген.

Одговарајќи на прашање на МИА, Стоев изјави дека не смета оти Бугарија треба да именува специјален претставник за Северна Македонија, следејќи го примерот на земјава која на ваквата должност за односите со Софија го именува поранешниот премиер Владо Бучковски.

Бугарскиот министер праша и зошто земјава не испраќа амбасадор во Софија веќе 18 месеци, додавајќи дека исто како што неговиот македонски колега Бујар Османи „може да го повика бугарскиот амбасадор во Скопје и да го види во рок од 10 минути“, така и тој би сакал да може да се јави и да разговара со амбасадорот на Северна Македонија во Софија.

На прашање на МИА кога Софија ќе го реализира ветувањето за донација на вакцини против Ковид-19 за Северна Македонија, Стоев изјави дека за да се случи тоа, Бугарија мора да има функционален Парламент.

Коментирајќи ја средбата на форматот „Мини Шенген“, во кој учествуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, Стоев рече дека е добро да има регионални формати, но е важно во нив да нема политика.

– Поврзаноста на регионот е добра, се додека не се користи за политички цели, додаде Стоев. 

Next Post

Хоџа: Во законот за продажба на земјоделско земјиште ќе бидат вклучени сите аргументирани забелешки

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk