ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Oд утре вакцинирање и во домашни услови, само 0,02 отсто од ревакцинираните се заразиле со Ковид-19

July 25, 2021 08:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Повторно двоцифрен бројот на новозаболени од Ковид-19. Нови 37 случаи беа регистрирани вчера, најголем дел од нив се во Тетово и Скопје. Надлежните апелираат граѓаните масовно да се вакцинираат, а од утре почнува и пријавување за вакцинирање во домашни услови. Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да се направи и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација.

Министерството за здравство вчера објави дека само 96 од 330.320 лица во државава кои примиле две дози од вакцината против Ковид-19 се заразиле со коронавирус. Тоа значи дека само 0,02 отсто од целосно вакцинираните се заразиле со коронавирус, што покажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, велат од Министерството. Посочуваат дека само 13 од овие случаи завршиле со хоспитализација и дека нема починати меѓу лицата кои примиле две дози од вакцината.

Од Министерството за здравство уверуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Во државата вкупно се аплицирани 818.295 дози вакцини, а ревакцинирани се 330.320 граѓани.

Со последните бројки, 62 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 59 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот „vakcinacija.mk“ е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Надлежните повторно апелираат до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Инаку, граѓаните масовно се вакцинираат и во соседна Србија. Во Врање досега се вакцинирани дури 12.006 македонски граѓани со прва доза, а 9.392 со втора доза.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во петокот вакцинирани се 54 македонски државјани со првата доза и 55 лица со втората доза на вакцините на Синофарм и Фајзер.

Во Врање најчесто е аплицирана кинеската вакцина Синофарм.

Во државава вчера беа направени 4.264 тестирања, при што се регистрирани нови 37 случаи на заболени од Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден немаше починати пациенти.

Од новите случаи во Тетово се 13, во Скопје 12, во Велес 3, во Гостивар, во Прилеп и Струмица по 2, Охрид, Свети Николе и во Делчево по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 949.011 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054. Бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати е 5.489. Бројот на активни случаи изнесува 292.

Надлежните остануваат на ставот дека не се потребни дополнителни рестрикции.

Next Post

Делта-варијантата се шири брзо низ Европа, веќе е најдоминантниот сој во голем дел од регионот

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk