ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обвинителката Смаќоска изненадена од ниските казни за „Организатори на 27 април”

July 26, 2021 14:42
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Обвинителка  Гордана Смаќоска (фото: скриншот)

Обвинителка Гордана Смаќоска (фото: скриншот)

Share on FacebookShare on Twitter

Изречените казни за обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” според обвинителката Гордана Смаќоска, се многу ниски. Во изјава за медиуми таа посочи дека е изненадена од ниските казни бидејќи во претходната пресуда за самите извршители на насилствата во Собранието беа изречени многу високи казни, пренесува МИА.

– Мислам дека пресудата е таква каква што е. Судијата ќе образложи зошто ја донел и зошто олеснителните околности преовладувале во овој конкретен случај кај едно вакво тешко кривично дело, а не отежителните кои и самите имавте можност да ги чуете колку судот ги нагласува. Со самото нагласување на сите тие отежителни околности за судот по мое мислење не смееше судот да си дозволи да има пониска казна од 10 години, барем по мое јавнообвинителско видување на самиот настан, бидејќи доколку не постоеја овие обвинети како организатори немаше да се случи и самиот настан, изјави јавната обвинителка Смаќоска.

Кривичното дело „тероризам” според Кривичниот законик се казнува со минимална казна од 10 години затвор.

– Жалба секако ќе има на ваквата пресуда бидејќи казните се многу ниски. Земете ги во предвид, само една мала компарација ќе направам, Катица Јанева е казнета за полесно кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ каде што максималната казна е 10 година а доби седум години, па сега јавноста нека направи споредба со висината на казната, а кога ќе ја добиеме писмената пресуда секако ќе вложиме жалба за сите обвинети, рече Смаќоска.

Обвинителката Смаќоска воедно говореше и за амнестијата дадена за настаните во Собранието.

– Таа беше дадена општо без конкретно дело, без конкретни обвинети и без кривични дела и правна квалификација. Таква амнестија никогаш не е дадена за никого во текот на целото правосудство по осамостојувањето на државата, бидејќи ние ги презедовме сите тие закони од бивша Југославија. Никогаш не е дадена општа амнестија како што е во овој случај. По мое мислење таа е незаконита, не произведува правни дејствија и сето тоа. Зошто судијата ја спомна амнестијата ќе се обратите до него да ви објасни и во која насока амнестијата влијаела за ваква ниска казна, рече Смаќоска.

Обвинетите во овој случај беа прогласени за виновни и осудени на вкупно дваесет и пет годин затвор. Најголема казна доби поранешниот претседател на Собранието, обвинетиот Трајко Велјановски, 6 години и 6 месеци затвор, обвинетите Спиро Ристоски и Миле Јанакиевси по 6 години и 3 месеци затвор, и екс директоро на УБК, Владимир Атанасов доби 6 години затвор.

Next Post

Заев во Шуто Оризари: Продолжуваме да поддржуваме трајни проекти за подобар живот на граѓаните

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk