ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Рангирани 36 основни и 13 средни училишта кои ќе се реконструираат со буџет од МОН

July 26, 2021 11:28
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На 36 основни и 13 средни училишта под надлежност на општините и на Град Скопје им се одобрени барањата по јавниот повик за финансирање проекти за реновирање училишни објекти од буџетот од Министерството за образование и наука, кое на својата веб-страница ги објави ранг-листите на проектите од прифатените апликации доставени до 15 април 2021.

На рангирањето општински основни училишта, со најмногу бодови е прифатена апликацијата за реконструкција на Подрачното основно училиште во село Радибуш во општина Ранковце, а меѓу 13-те средни училишта, со најмногу бодови е прифатено барањето за реконструкција и адаптација на објектот на СОУ „Ристе Ристевски-Ричко“ во Прилеп.

Според резултатите од јавниот повик што ги објави МОН, со пари од Министерството ќе се финансиираат различни реконструктивни зафати во училишта во населени места кои припаѓаат на општините: Крушево, Куманово, Новаци,  Валандово, Свети Николе, Маврово и Ростуше, Кавадарци, Сарај, Берово, Радовиш, Гевгелија, во основни училишта  во општините Ресен, Кавадарци, Битола, Македонска Каменица, Илинден, Кочани, Делчево, Прилеп, Куманово, Гостивар и во скопските општини Кисела Вода, Ѓорче Петров, Бутел и Аеродром.

Покрај СОУ „Ристе Ристевски-Ричко“ во Прилеп, на листата со прифатена апликација за реконструкција е и прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“, а по две средни училишта на ранг-листата имаат и Битола (СОУ „Таки Даскало“ и „Д-р Јован Калаузи“) и  Велес („Димитрија Чуповски / Кочо Рацин“ и „Коле Неделковски“).

Одобрени се и барањата за реконструкции на средни училишта во  Кавадарци, Гостивар, Куманово, Свети Николе, Кичево, Делчево и Скопје (гимназијата „Орце Николов“).

Јавниот повик беше објавен со цел да се подобрат условите и квалитетот на образованието, а средствата за оваа намена ќе се обезбедат од буџетот на МОН преку постапка за јавна набавка спроведена од Министерството.

Во јавниот повик беа наведени и критериумите за бодирање при рангирањето, според  приоритетот/степенот на потребите за различни реконструкции во/на училишните објекти, а беше земен предвид и демографскиот фактор односно бројот на ученици во објектот, паралелките и смените за организирање на наставата.

Повикот не се однесува на финансирање проекти во случај на потреба  за санација на училишните објекти предизвикана од виша сила (пожар, поплава, земјотрес…), за што е потребно итно и неодложно санирање. Исто така, право на аплицирање немаа училишни објекти кои се изградени пред повеќе од десет години.

Јавниот повик e отворен, без рок за поднесување на апликациите (барањата) и е објавен на  веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, а оценувањето (бодирањето) и рангирањето на пристигнатите апликации, според наведеното во Повикот, ќе се врши секоја година во неколку пресеци годишно.

извор: МИА

Next Post

ДКСК го оспори пред Уставен суд Законот за коридорите 8 и 10Д

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk