По победите над двократниот светски првак Alba Castillo од Куба и Seydou Gbane од Брегот на Слоновата Коска, Дејан Георгиевски извојува победа и над големиот фаворит, Кореецот Kyo Don In (12:6) и се пласираше во големото финале на турнирот во Таеквондо на Олимпијадата во Токио.
Кореецот е на второ место на светската ранг листа и позади себе има 10 финалиња и 4 титули на најсилните светски т.н. Гран-при таеквондо турнири.
Со оваа победа на Дејан Георгиевски му е обезбеден сребрениот медал, а во 14:45 часот ќе се бори и за олимпиското злато во борбата против во моментов најсилниот светски таеквондист, Русинот Владислав Ларин.
Цела Македонија денес е со Дејан. Сите посакуваме уште една победа и златен медал.
Среќно, Дејан!
А. Лукароски