Добрите вести и натаму стигнуваат од Токио. По сензационалната победа на Дејан Георгиевски во осминафиналето на олимпискиот турнир во Таеквондо против актуелниот светски првак Alba Castillo од Куба (11:8), уште една сигурна победа за нашиот Георгиевски. Во четвртфиналето поразен беше Seydou Gbane од Брегот на Слоновата Коска (9:4).
Со овие две победи во категоријата +80 кг. и со пласманот во полуфиналето Георгиевски ги надмина очекувањата и на најголемите оптимисти.
За пласман во финалето, Дејан Георгиевски околу 9:45 часот по македонско време ќе се бори против Kyo Don In од Јужна Кореја.
А. Лукароски