ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Куновска: Памтите ли кога пред 5-6 години полицијата на ВМРО во цела ратна опрема ги бркаше студентите по цело Скопје

July 27, 2021 18:48
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

“Памтите ли кога пред 5-6 години полицијата на ВМРО во цела ратна опрема ги бркаше студентите по цело Скопје, влегуваше во влезови и библиотеки и ги млатеше со пендреци и ги влечеше како кучиња и ги собираше во комбиња? Кога имаш локви крв по улиците, искршени велосипеди и здробени наочари?Имаше мислам накај 200 приведени, повеќето студенти. А, не памтите. А кога ја затворија А1, откако влегоа во студиото со штитови и автоматско оружје како да влегуваат во терористички бункер во Ирак? Бидејќи телевизијата ја критикувала власта и му поставувала незгодни прашања на фирерот? Ни на тоа не се сеќавате. А на Мартин Нешковски “наркоманот” што паднал сам и се самоубил ви текнува? Кој прво беше жив и здрав два дена само не можеше никој да го најде и МВР немаше информации за таков случај? Па отпосле излезе дека го убиле нивните телохранители па се обидувале да скријат? Не ви текнува ни тоа.А кога одржуваа студентски избори со помош на полиција со шлемови, водени топови, панцири, тенкови и автоматски пушки? А една кутија беше и таа требаше да се наполни. Со сила и полиција на готовс. Памтите? Нема грешка памтите. А ви текнува ли кога ги уценуваа жените од една општина да добијат инвитро оплодување под услов да гласат за ВМРО? Или ќе гласаш за ВМРО или нема да имаш деца. И за тоа нема сеќавања. А ви текнува на “да не се претераме малку” Миле ми текна провизиите за десетици милиони евра провизии од тендерите за патишта? Јок. А на пример за некролозите за амбасадори, посмртни венци за овој или оној активист или критички новинар, надгробните плочи, секојдневните закани, праќањето по тројца млади деца од УМС да плукаат луѓе у град и да ги шамараат по наредба?Не, аман бе? А на сомнителниот масакр во Диво Насеље, кај што се испука огромно количество муниција и загинаа куп наместени полицајци и екстремисти, со што го запреа објавувањето на “бомбите” ви текнува ли?Ма не… Што беше тоа?А ви текнува ли за пцуењето на фамилијата на Тоше Проески, дека биле гадни комуњари и веќе немало денар да видат и дека никогаш немало да му го изградат гробот оти Тоше не бил “нивни” туку “комуњар”? Слабо се сеќавате и на тоа. За Скопје 2014 нешто, милионските суми? 5 милиона евра за ограда на мост? Отидоа барем половина милијарда евра на тоа. Милиони евра за скулпторката Валентина (која и тогаш ја немаше и денес никаде ја нема). Не се сеќавате. За прислушување на 20.000 граѓани нешто? За “жената и децата у ендек ќе му ги најдат” заканите по телефон ако не се гласа за нив? Не?За варијантите на Милошоски за сложено име на државата, од типот Горна Република Македонија (Северна)? На него тоа му звучело најдобро оти така најјако ќе ги заебе Грците, со име што не можеш да го изговориш, ама битно ќе имало “Македонија” внатре? Ма нееее. За уценувањето и рекетирањето на стотици мали и средни претпријатија да плаќаат на ВМРО или да добијат катанец? Скоро сите ги ликвидираа, ама кој ќе брои.А за исфрлањето на цела опозиција надвор од Собрание на клоци во декември 2012? И непреземање ни најмала одговорност за тоа? Ниту покажување атом срам? Јок. A се сеќавате на обидот за пуч, убиства и граѓанска војна на 27 април 2017? Хммм? За тоа едвајјјј малце ви текнува. За тоа да. Ама малце. Пример не ви текнува дека Заев имаше дупка у сред чело и му течеше крв. И дека неговиот телохранител мораше да пука во воздух за да не го “ликвидираат” (така си го викаат тоа дејство, оние другите исти).”

Онака чисто да се потсетиме. Не дека ќе ве спречи тоа да дробите ‘сите се исти’. Ниту ќе ви текне дека ‘сите се исти’ ВМРО ја измисли за да останат политичари и во игра,наместо бандити во затвор (што фалабогу се дешава). Никој, никогаш, од осамостојување до денес не бил ист со нив. Па вие продужете да си замајавате од десничарски, лукративни или каквиидасакате други причини .

Фејсбук статус на Јана Куновска
Next Post
closeup of woman smoking electronic cigarette outdoor

СЗО предупреди на опасностите од електронските цигари и повика на строги регулативи

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk