ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Може да се донесе измената судскиот процес да не почнува од почеток по заминување на дел од судиите

July 27, 2021 16:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Убеден сум дека во работната група за Законот за кривична постапка ќе може да се вгради предлогот на дел од судиите или судската фела, судскиот процес да не започнува целосно од почеток по заминување на еден од членовите на судечкиот совет, туку во определен рок од неколку месеци да продолжи судењето таму каде што застанало, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Тој на новинарско прашање зошто доколку има промена на дел од судиите или судските поротници, судењата почнуваат од почеток, наместо да се воведе измена за да може во рок од 3 месеци да продолжат судењата, посочи дека се прават темелни измени на Законот за кривична постапка и оти ќе се земе предвид и овој предлог.

– Има работна група во Министерството за правда, која работи на измени во Законот за кривична постапка. Таа група уште работи и ќе работи до крајот на годината или почетокот на наредната, бидејќи прави темелни измени на Законот за кривична постапка. Тоа се прави врз основа на научени лекции од досегашната пракса, една од научени лекции е улогата на судии поротници и нивниот мандат, моментот кога одат во пензија и што се случува со судскиот процес по заминувањето во пензија, рече Маричиќ на прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Инаку, како што рече министерот, овој дел на мандатите и именувањето и разрешувањето на судиите поротници е дефинирано во Законот за судови и во процесните закони. Тој појасни дека токму овие закони тешко се менуваат, бидејќи се носат со двотретинско мнозинство во Собранието.

Министерот појасни дека за да може да се промени овој дел на мандатот на судиите поротници и нивно именување и разрешување, како и нивно заменување по заминувањето од постапката, ќе мора да дефинираат законска измена која ќе добие поддршка од 80 пратеници во Собранието.

– Тој предизвик го имаме пред нас, но ние како Влада нема да се откажеме, јас сум убеден дека во работната група за Законот за кривична постапка ќе го имаме предвид и може да се вгради токму предлогот на дел од судиите или судската фела, судскиот процес да не почнува целосно од почеток по заминување на еден од членовите на судечкиот совет, туку тој во определен рок од неколку месеци да може да се запознае со случајот и да продолжи судењето таму каде што застанало, рече Маричиќ.

Ова, според министерот, може да биде овозможено преку процесот на дигитализација, кога се очекува судењата да бидат целосно снимани, за да може било кој нов член на судечкиот совет непосредно да се запознае со исказите и со текот на судењето.

– Ние сме подготвени како Влада и како Министерство да го предложиме ова во работната група а понатаму ќе видиме во дијалог со парламентарните и пратеничките групи и со партиите во Собранието да успееме, и во интерес на јавноста и на брзите судски постапки во размуен рок да постигнеме согласност од 80 пратеници да биде оваа измена изгласана, додаде Маричиќ.

извор: МИА

Next Post

Груби: Оваа коалиција рушеше табуа и во 2002 година

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk