ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За отворени листи за локалните избори ќе се дискутира откако Собранието ќе ги донесе измените на Изборниот законик

July 27, 2021 16:27
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Конечниот концепт за отворени листи за локалните избори или каков било концепт за бирање на локалните избори ќе мора да го дискутираме откако Собранието ќе ги донесе измените на Изборниот законик, рече министерот за правда Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали во измените договорени во работната група на партитите за Изборниот законик се предвидени отворени советнички листи за локалните избори, дали има праг за избор на советници и како ќе гласаат граѓаните.

Она што е предложено од страна на работната група на повеќе политички партии, информира тој, се однесува на отворени листи со една преференцијална можност, значи се гласа и за партијата за која сакате да гласате, но и за еден од листата на советниците предложени од таа партија или од таа коалиција.

– Прагот за еден советник да може да влезе по тој преференцијален метод е три проценти од вкупно запишаните гласачи во општината во која се гласа. Ако се работи за општина со вкупно запишани гласачи од 10 илјади гласачи, тогаш ќе треба да се освојат 300 гласа, за да може да се смета дека влегле на тој начин, појасни Маричиќ.

За овој модел, што првпат се прави и го предлагаме, важно е, оние што ќе ги прескокнат тие три проценти како преференцијален избор на граѓаните ќе влезат автоматски, појасни Маричиќ, а доколку една партија освои повеќе советници од само преференцијалните, пример 10 советници, а три само од нив освоиле три проценти од запишаните гласачи, останатите седум ќе бидат избрани од редоследот на предложената кандидатска листа на партијата за советници или коалицијата за советници на тие избори.

Министерот Маричиќ нагласи дека ова сепак е предлог и наведе дека за дел од помалите политички партии кои имаат дилеми или предлози за подобрување на овој предлог, би било добро во Собранието да се отвори дискусија и во наредните денови да се заокружи.

Според Маричиќ, Изборниот зкаоник никогаш досега не бил предмет на блокади. Тој посочи дека во овој текст на Изборниот законик ги содржи препораките, односно забелешките од ОБСЕ/ОДИХР од Извештајот од парламентарните избори, што треба да се имплементираат, и, како што рече, би било несоодветно од која било партија да ги блокира измените на Изборниот законик, што треба да го подобрат изборниот процес и што е целта на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

– Би било првпат да отидеме на избори без усвоени препокаки од ОБСЕ/ ОДИХР, меѓутоа доколку се увиди дека постои одредена група пратеници кои се спротивставуваат, може, доколку така одлучи мнозинството на пратеници, да се измени или пак целосно да се тргне предлогот за отворени листи. Доколку тоа се случи, тоа секако ќе биде на штета на демократизацијата на процесот на избори. Доколку партиите одлучат така и доколку мнозинството на пратеници одлучат така, ќе се оди во овој дел на Изборниот законик, ќе се оди на досегашниот модел на избор на советници и на градоначалник, рече Маричиќ.

Според него, би било чудно токму помалите партии кои го отвориле прашањето за отворени листи сега да го блокираат Изборниот законик во овој дел.

– Отворени сме за дијалог како Влада и партиите во Собранието што го чинат парламентарното мнозинство се отворени за дијалог. Не е целта да се наметне ова решение, целта е со консензус да се узвои Изборниот законик, како што е досегашната пракса кај нас, потенцира министерот Маричиќ.

Ако нема согласност за овој момент, истакна Маричиќ, останува да го имплементраме постоечкиот модел, со подобрувањата што доаѓаат од ОБСЕ/ ОДИХР и се преточени во Предлогот на Изборниот закон и на тој начин ќе се оди со постоечките решенија. Според него, тие решенија се добри, но целта е да имаме подобар и пософистициран модел со кој граѓаните ќе можат да гласаат и за личности, покрај тоа што гласаат за партии или коалиции како досега.

извор: МИА

Next Post

Османи: Охридскиот рамковен договор беше база за Преспанскиот договор со Грција и договорот со Бугарија

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk