ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за Канал 5: Сега со транспарентноста сѐ e јавно, корупцијата не се исплати во ниту еден ешалон

July 28, 2021 15:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Канал 5 ТВ го праша Премиерот Заев:

„Поради фактот што јавноста но и дел од синдикатските здруженија и политички партии бурно реагираат на вашата изјава од завчера, во која вината за корупцијата во Македонија, нотирана и од Стејт департментот на САД, ја лоцирате во „третиот ешалон”, односно шалтерски работници или администрација, Канал 5 ве прашува:

– Дали сметате дека навистина не постои детектирана корупција и во повисоките ешалони на власта, и дали останувате на ставот дека генерално корупцијата се случува само кај пониските нивоа на власта?“

Одговорот на премиерот Зоран заев на прашањето од Канал 5:

” Јас сум свесен дека не постои власт за која народот верува дека во нејзиниот прв и втор ешалон нема корупција. И завчера немав намера да го убедувам народот во тоа.

Напротив, најважно е што ќе направи секој од нас за да бидеме поблиску до таа цел – а целта е нема корупција во било кој ешалон од власта и во кој било дел од општеството.

Ние сме непријатели и противници на корупцијата и влезени сме во сеиозен клинч со овие општествени болести.

И за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните извештаи. Го читаме и анализараме секој збор, секој наод од сите извештаи и ги третираме како сериозни четива кои ни помагаат да ја менуваме ситуацијата.

Нашите мерки се за сите, не само за администрацијата.

Нашата антикорупциска стратегија е за сите ешалони – тоа е прочистувањето на правосудството, етичкиот кодекс за функционерите кој важи прво за мене, а после за сите други, постојаното зголемување на транспарентноста на институциите, новата стратегија за конфискација на имот, дигитализацијата на институциите со која се отстранува човечкиот фактор при носењето одлуки и унапредувањето на системот за јавни набавки. Ова се мерки кои спречуваат корупција и кај министрите, и кај службениците и кај граѓаните.“

Системот се справува и со крупните и со ситните риби. Повеќе високи политичари се веќе со судски пресуди на издржување затворски казни. Тоа треба да е сериозна порака за секој политичар, особнео за тие од прв и втор ешалон, не само за администрацијата.

Имам јасна порака до сите носители на јавни функции, до прв и втор ешалон, до државните службеници и до граѓаните: Внимавајте, сега се` е јавно, сите знаат се` поради транспарентноста – учеството во коруптивни активности не се исплати и сериозно ќе биде казнето. “, одговори Премиерот заев.

Next Post

Шахпаска: Во Битола го отворивме и вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, воведуваме нови социјални услуги како дел од социјалната реформа

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk