ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

МЗ: Во образованието досега се вакцинирани околу 58% од вработените и 60% во градинките

July 30, 2021 19:02
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше гостин во вестите на Канал 5 телевизија каде истакна дека бројот на случаи расте и дека најмногу активни случаи во земјата во Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, но дека состојбата засега е сеуште стабилна.

„Состојбата во земјава е стабилна нема драстично зголемен број на хоспитализирани пациенти кои се лекуваат во болниците. Вакцинацијата се спроведува во сите вакцинални пунктови во државата, во салите се одвива ревакцинација, но голем е интересот и за теренска вакцинација која е во фокус целиот овој период. Досега се вакцинирани околу 510.000 граѓани а од нив 380.000 се веќе ревакцинирани. Процентуално 63% од населението над 70 години е вакцинирано, во секторот образование досега се вакцинирани околу 58% од вработените и околу 60% во градинките. Се надеваме дека до крајот на летото ќе имаме уште поголем процент на вакцинирани во воспитно – образовниот кадар како би можеле децата од септември да се вратат на училиште“ – изјави Филипче.

Министерот истакна дека секој вакциниран граѓанин придонесува до создавање на колективен имунитет и тоа не носи чекор поблиску до враќање на животот во нормала. Тој вели дека во зависност од епидемиолошката слика можно е да се воведат повторно рестрикции од есен или порано доколку тоа го налага состојбата.

„Не знаеме со сигурност како ќе се одвива кризата, доколку има нов бран наесен размислуваме да воведеме нови ограничувања, влез во затворени простории ќе биде со задолжителен сертификат за вакцинација“ – изјави министерот Филипче во вестите на Канал 5.

Министерството за здравство сака да ја подигне свеста за вредноста на имунизацијата, и во иднина ќе продолжи  посветено да работи на подигање на свеста за важноста на вакцината, а од средината на август започнува владината кампања.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Забрането капење и рекреација во велешкото езеро „Младост“

July 3, 2025

Нови гласови од Сребреница: На младите им е пружена платформа за сеќавање и помирување

July 3, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

НАСА откри меѓуѕвезденa комета што се движи низ Сончевиот систем

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски воени злосторства: „Врзан за мотоцикл и влечен“ – Русија веројатно егзекутирала уште еден украински воен заробеник, вели омбудсманот Лубинец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk