„Со корупција нема економија, а наша конечна цел со се што работиме е да го подигнеме економскиот стандард на граѓаните. Колку повеќе успеваме во овие полтики, пред се на одговорните инстиуции, толку повеќе ќе имаме подобар економски стандард за сите“ кажа премиерот Зоран Заев на седницата за претнички прашања во Собранието на Република Северна Македонија.
„Денеска во нашата земја е се транспарентно, денеска се знае за се во нашата јавност и затоа треба да биде сериозна порака до секој политичар, борбата против криминалот и корупцијата продолжува и никој нема да биде поштеден од било какви индиции или постапки кој што се незаконски и водат кон корупција или криминал“ кажа Заев.
Премиерот појасни дека ова важи за тие од првиот, вториот и било кој друг ешалон, како и за сите граѓани. Тој упати јасна порака до сите носители на авни функции и државни службеници дека никој нема да биде поштеден. „Поради транспарентноста граѓаните укажуваат јавно на сите не коруптивни работи, како и на индиции за коруптивни работи. Затоа на тој начин верувам дека ќе успееме уште повеќе да испорачаме резолутати во борбата против криминалот и корупцијата“ кажа Заев. Тој додаде дека сите треба да бидеме непријатели и противници на корупцијата и кажа дека оваа Влада, за разлика од претходно, сериозно ги има предвид и постапува по сите меѓународни извештаи.
„Министерот за правда одржа состанок со Американската амбасада да ги побара сите детали, да ни биде укажано, да ги знаеме сите информации, за да во рамките на надлежностите на Владата ние постапиме таму каде што сме надлежни“ кажа Заев.
Д. Е.