ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за „Отворен Балкан“: Додека ЕУ не го испорача ветеното, ние мора да работиме и да го унапредуваме животот

July 31, 2021 14:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека Европа се мисли кога да го испорача тоа што ни го вети, ние не можеме да чекаме, мора да работиме, мора да го унапредиме животот.  Ние мораме секој атом енергија, секој потенцијал на оваа наша земја да го искористиме, а тоа се мултиплицира навистина со унапредувањето на соработката со сите, изјави премиерот Зоран Заев.  

-Мене ми е драго што Србија и Албанија се фокусирани исто како нас, ние сме централно поставени помеѓу овие две земји, сме отворени кон Косово и кон БиХ, Црна Гора, Грција, Бугарија. Зошто ако може да не чекаме на границите, да не го направиме тоа. Зошто ако може да ги третираме капацитетите за борба против пожарите летно време, земјотресите, поплавите и било какви други катастрофи да не го направиме тоа. Зошто ако можеме да бираме во регионот каде ќе работиме или кој ќе ни дојде да работи, се со цел да обезбедиме квалификувана работна сила, тоа да не го направиме. Зошто да не ни раснат платите, стандардот и слично.  На крајот сите го посакуваме процесот низ поглавјата или кластерите за европеизацијата на нашата земја, но сето тоа што можеме да го направиме сами треба да го правиме сами додека Европа навистина не одлучи да продолжи со процесот на евроинтеграции, изјави Заев на новинарско прашање за очекувањата од иницијативата „Отворен Балкан“ и евроинтеграцијата на земјата, по увидот на реконструираната Општата болница во Гевгелија. 

Изрази задоволтво што фокусот на земјите од Западен Балкан е на европеизацијата и не само на политичарите туку и институциите, а Гевгелија, рече, е местото од каде ќе поминуваат големите гасоводни коридори што ќе придонесе за развој на градот.

-Сега имаме неповторлива можност политичарите не само да се пријатели туку и другари, порано не зборуваа меѓусебе. Имаше кавги, непријателства, тешко можеше да ги видите, а ние сме тука да им служиме на граѓаните. Покрај тоа Америка се врати во својот фокус, што е здраво. Токму од овде, низ Гевгелија ќе поминат големите коридори на гасоводниот нов систем, течниот гас, на гасот од Катар, Америка, Израел од Азербејџан преку ТАФ итн. коишто како нови енергетски проекти навистина ќе го менуваат комлетно животот. Нашите инвестиции одат низ Грција.  Договоривме и тоа скоро ќе биде објавено пуштањето на нафтоводот којшто оди токму преку овој наш крај, но она што е многу важно севкупниот економски раст и развој на Гевгелија на овој југоисточен дел на нашата земја оди напред, напредува, но наша задача на сите е тој напредок да го мултиплицираме, да биде уште поголем, уште повидлив и позначаен за да секако да ги задржиме тука младите и тука да го планираат животот, рече Заев.

извор: МИА

Next Post

Две езера во Аргентина мистериозно стана розови

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk