ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Што има ново во „Опен Балкан“?

August 1, 2021 15:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Ништо посебно за сите оние кои го почувствувале животот во поранешна СФРЈ. Многу нешто за сите оние кои не го почувствувале тој период. Период на држави без граници, без царини, без верски и национални различности, без специјален третман на сегашните гранични премини, проверки и претреси. На пример, земјоделците од Македонија слободно ќе ги нудат своите производи на пазарите во Србија и Албанија, и обратно, Краљевачкиот кајмак, „Дуњата“ и „Кајсијата“, „Скендер бегот“ и „Маслиновото масло“ ќе бидат достапни на нашиот пазар како и „Тиквешката“ таму. Албанското крајбрежје ќе стане „Наше море“.

Луѓето ќе можат да се вработуваат сезонски или постојано во овие држави, секој потенцијален инвеститор ќе има третман на домашен, на наш, на заеднички. И сѐ за доброто на сите жители во овие држави. Покрај наброеното, и многу други предности и привилегии кои ќе ги почувствуваат помладите. Со „Опен Балкан“ се враќаат на сцена европските вредности, (Европа без граници), во балканска проекција, а заради ЈУ искуствата, во многу понапредна варијанта од нивните. Ќе им покажеме и докажеме дека овие народи и националности, овие измешани вери, знаат да живеат заедно. Да тргуваат, да работат, да соработуваат, да се дружат, да се венчаваат, да се мешаат, да разменуваат вредности, да се почитуваат…

Дали ќе се сопре корупцијата, трговијата со дрога, оружје, дали ќе се намали криминалот, е поглавје сместено во основата на оваа идеја, идеја која ги пласира само вредностите на таквиот живот, на таквата комуникација, на таквите бенефити и придобивки. На тој начин ја испраќа и пораката, дека, сѐ што е поврзано со корумпираност, шверц, нелегална трговија и слично, ќе биде максимално контролирано и санкционирано.

После повеќедеценискиот транзициски период низ кој поминуваат овие држави, после нелогичните стопирања на ЕУ заедницата за прифаќање во нивното друштво, „Опен Балкан“, не треба да се разбере како закана и пркос кон ЕУ, туку, како свесност и подготвеност да се чувствуваме исти, секаде. Како луѓе, како пријатели, како соседи, како мостови преку кои ќе ги разменуваме добрата, а ќе ги отфрламе негативностите, ќе се бориме заеднички против криминалот и корупцијата, против бандитите од сите области, а ќе ги споделуваме плодовите и идеите…

Да се биде против каква било идеја на здружување, збратимување, заедништво, не значи ништо друго освен закоравеност, заглавеност во национализмот и лажниот патриотизам. Погледнете ги реакциите на лажните патриоти и сѐ ќе ви стане јасно. Ова значело напуштање на патеката кон членство во ЕУ, ма немој? Ова значи „загревање“ пред членството во ЕУ. Всушност, оваа идеја е на одличен пат да го елиминира збајатеното ем суисидно влијание на вмро дпмне во каков било политички облик во иднина и воедно да ги отстрани амовите кај типови како Каракачанов, Захариева, Џамбаски и слични, дека европските вредности не се бараат во разединувањето, туку во обединувањето на измешаните различности. Оваа придобивка од „Опен Балкан“, можеби треба да ја сметаме за најголема за нас, Македонците.

Тоа е ново во „Опен Балкан“.

 


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

Next Post

Заев: Заедно можеме многу, очекувам во „Отворен Балкан“ да се приклучат и други

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk