ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Половина од населението во ЕУ е веќе целосно вакцинирано против коронавирусот

August 4, 2021 08:19
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Половина од населението на Европската унија  е целосно вакцинирано против коронавирусот – 223,8 милиони луѓе се целосно вакцинирани што значи дека примиле две дози од вакцината или една доза по прележана болест, според официјалните податоци од земјите.

Од 27 земји -членки на Унијата, 13 го поминаа прагот од 50 проценти целосно вакцинирани. Меѓу тие земји се Шпанија со 58 проценти вакцинирани, Италија со 54 проценти, Франција (53 проценти) и Германија (52 проценти).

Земјите со најголем процент на вакцинирани се Малта (74 проценти) и Белгија (59 проценти). Најниските проценти се забележани во Бугарија (14 отсто) и Романија (25 отсто).

Речиси 60 проценти од граѓаните на ЕУ примија една доза од вакцината, што е 265,9 милиони луѓе.

ЕУ, која продолжува да вакцинира со стабилно темпо, сега ги престигнува САД, бидејќи според податоците од 1 август, 49,7 проценти од населението во таа земја е целосно вакцинирано (во споредба со 49,8 проценти во ЕУ).

Досега, четири вакцини се одобрени во ЕУ – Фајзер/Бионтех,Модерна, Астра Зенека и Џонсон/Џонсон. Покрај овие вакцини, Унгарија и Словачка користат и вакцини што не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) и се произведени во Русија или Кина.

Грција се уште има едно од највисоките нивоа на вакцинација во Европа и нејзината програма за вакцинација е подготвена да понуди трета доза вакцина за најранливите групи од септември, доколку е потребно, изјави министерот за здравство Василис Кикилијас. Министерот посочи дека Грција надмина 100.000 вакцини дневно и истакна дека земјата има едно од највисоките нивоа на вакцинација во Европа, и во однос на првата и втората доза. Тој додаде дека неодамнешниот пад на вакцинацијата е „очекуван“. Во врска со вакцинацијата на децата, Кикилијас рече дека тие не се задолжителни и оцени дека со приближувањето на новата учебна година, нивото на вакцинација кај овие групи ќе се зголеми. Министерот посочи дека програмата за вакцинација е подготвена да обезбеди трета доза вакцина за лица со имунолошки дефицит, ранливи групи и постари лица од септември, доколку стручната комисија даде зелено светло. Претходно, грчките здравствени власти соопштија дека околу половина од населението во земјата е веќе вакцинирано.

Словенечкиот инфектолог Бојана Беовиќ   предупреди дека Словенија може да се соочи со епидемиолошка „катастрофа“ наесен, доколку во август не се вакцинираат лицата  над 50-годишна возраст против Ковид-19.  „Повеќе од една третина од невакцинираните се во таа популација и важно е тие да се заштитат во август, бидејќи во спротивно не чека катастрофа наесен, болниците повторно ќе бидат полни со пациенти со ковид“, предупреди Беовиќ, која ја предводи владината група за вакцинација на населението.

Бројот на дневни инфекции е во пораст, додаде таа и дека ова е очекувано со оглед на доминацијата на повеќезаразната Делта варијанта на вирусот.

„Според проекциите, варијантата делта брзо се шири и ќе зарази голем број луѓе кои имаат услови за тежок тек на болеста, но не се заштитени“, рече Беовиќ.Словенечката Влада ја забрзува кампањата за вакцинација против Ковид-19, така што центрите за имунизација ќе бидат отворени за сите заинтересирани граѓани од 8 до 22 часот.

Шведска размислува во 2022 година да понуди бустер вакцина против коронавирусот за „поголем дел од населението“, соопштија денеска шведските здравствени власти.
Есенва, како што е наведено, дополнителна доза од вакцината може да почне да и се дава на најзагрозената популација.

Конечната одлука, меѓутоа, се уште не е донесена, соопшти шведската Агенција за јавно здравје.

Претседателот на Францускиот совет за стратегија за вакцинација против коронавирус Ален Фишер изјави дека е можно да се постигне колективен имунитет во Франција со 90 отсто вакцинираното население до почетокот на есента.

Фишер за радиото РТЛ изјави дека со сегашниот ритам на вакцинација, можен е колективен имунитет до почетокот на есента и додаде дека треба да се убедат оние кои се уште не се вакцинирани.

Во Франција, околу 53 проценти од населението прими една или двете дози на вакцина против коронавирус.

Фишер, професор по имунологија познат во Франција како „Господин вакцина“, вели дека е можно 90 проценти од населението да бидат вакцинирани доколку се забрза вакцинацијата деца постари од 12 години.

Најмалку седум милиони дози на вакцини против Ковид-19 се даваат неделно во Турција, што ги засилува напорите за вакцинација во земјата во услови на зголемен број случаи, објави Дејли Сабах. Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека минатата недела во земјата биле аплицирани 7,2 милиони дози. Бројот на вакцини против коронавирус од почетокот на кампањата за вакцинација во земјата е над 73,5 милиони. Повеќе од 20 милиони луѓе во земјата се уште не се вакцинирани. Во последно време  во Турција има околу 20.000 нови случаи на инфекција со Ковид-19 дневно, а бројот на смртни случаи од инфекции со коронавирус е близу 100 дневно.

Според Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на коронавирус во европскиот регион надмина 60 милиони од почетокот на пандемијата. Воедно, СЗО потсети дека „патувањата во странство не се без ризик“.

– Крајот на пандемијата е далеку и за жал, има повеќе од 1,2 милиони смртни случаи во европскиот регион досега како резултат на Ковид-19, изјави Дорит Ницан, директорка за итни случаи на СЗО за европскиот регион.

Таа ја истакна важноста земјите да продолжат со заедничките напори за заштита на најранливите граѓани и ризични категории./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk