ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трајковски: Нема жртви во пожарот кај Пасјак, потребна ни е секаква помош

August 4, 2021 18:11
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема жртви по пожарот кој денеска околу 14 часот повторно се распламте во маалото Пасјак во селото Нов Истевник. Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски брифираше дека со единиците на Армијата, Територијалната противпожарна единица, Македонски шуми и други лица веќе трет ден се борат со огнената стихија, која, како што оцени, е крајно сериозна, загрижувачка и веќе направи голема штета во однос на шумскиот фонд.


-За среќа немаме жртви и тоа ни беше приоритет за да ги евакуираме сите изнемоштени лица кои се наоѓаат во ова село. Ова село е од рурален тип, така што за среќа немаме жртви. Максимални сили вложуваат сите единици, сите луѓе овде коишто се и доброволци од месното население и од градот Делчево и од други институции за да ги заштитиме материјалните добра на жителите од ова село, брифираше Трајковски.

Вкупната бројка на луѓе кои се на терен и со кои тој координира е повеќе од 250. Во утринските часови помогнале и хеликоптерски единици од Армијата, а најавена е помош од Бугарија.

-Во утринските часови имавме помош од воздух со хеликоптер на нашата Армија којшто го гасеше пожарот и очекуваме сега за некои 20-30 минути да стигнат уште два хеликоптери да пружат помош, односно оваа огнена стихија на некој начин да ја ставиме под контрола. Имаме помош од Општина Берово со противпожарни единици, стигнуваат шест противпожарни возила од соседна Република Бугарија, има помош од градоначалникот на Штип Сашко Николов со противпожарни возила. Овде пожарот не е на едно место, можам да кажам пожари на повеќе од 50-ина места во оваа месност и потребна ни е секаква помош и во однос на цистерни и во однос на човечки ресурси, додаде градоначалникот на Делчево.

Изрази уверување дека хеликоптерите ќе завршат поголема работа бидејќи, како што појасни, висока е шумата и ќе може на некој начин оваа огнена стихија со катастрофални размери да се стави под контрола.

извор: МИА

Next Post

Шаќири: Поддршката за забрзување на процесот на дигитализација, повеќе од добредојдена

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk