ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дискусија: Охридскиот договор донесе придобивки за сите заедници, но има уште долг пат до негова целосна имплементација

August 5, 2021 12:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Охридскиот договор донесе придобивки за сите заедници во нашата држава, но имаме уште долг пат кој треба да се изоди за негова целосна имплементација, заклучија панелистите на денешната тркалезна маса „Важноста на Рамковниот договор за помалубројните заедници“ што се одржа во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) и Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби истакна дека нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор е веќе усвоен од страна на институциите на нашата држава, но наша задача е секојдневно имплементирање на тој нормативен дел кој што ќе биде постојан и секојдневен затоа што станува збор за имплементација на Устав и закон.

– Охридскиот договор донесе придобивки за сите и сакам да ја повторам условноста на лојалноста помеѓу граѓанинот и државата – колку е полојална државата кон граѓанинот и заедницата, толку се полојални граѓанинот и заедницата кон државата. Денес гледаме многу полојални граѓани, заедници кон нашата заедничка држава, затоа што всушност државата стана полојална кон сите нас согласно одредбите на Рамковниот договор. Секако дека одржлив развој не е возможен доколку некој биде оставен на маргините на општеството. Благодарение на Охридскиот договор, денеска, покрај македонскиот и албанскиот јазик, имаме општини каде официјален јазик се и ромскиот, турскиот, босанскиот, српскиот, а припадниците на овие заедници веќе се интегрирани во сите сфери на општеството, иако се уште не во посакуваните и соодветните бројки, рече Груби.

Охридскиот договор, потенцира тој, донесе нови можности за сите заедници, донесе можности за сите нас еднакво да се вклучиме во развојот на државата. Тој истакна дека малку се мирновните договори во светот кои што можат да се карактеризираат како успешни, а Охридскиот рамковен договор, како што рече, е апсолутно успешна приказна за сите.

Џефри Голдстин, вршител на должноста шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, истакна дека мора да признаеме оти се уште има потреба за подобрување на имплементацијата на законодавство, на стратегиите, на акционите планови, особено во однос на правичната застапеност, употребата на јазиците, образованието и културата.

– Еден од клучните приоритети на ОБСЕ е да и се помогне на државата во креирањето и имплементацијата на политики, односно унапредувањето на правата и институциоиналната рамка преку која сите заедници можат да ги уживаат своите права и активно да учествуваат во сите сфери на јавниот живот. Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да ги поддржува напорите за промовирање на правата на заедниците во согласност со Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам, рече тој.

Еран Куртиш, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), потенцира дека придобивките од Охридскиот договор за сите заедници се видливи, но, како што рече, има уште долг пат кој треба да се изоди.

– Охридскиот договор стави крај на меѓуетничките тензии каде заедниците во нашата земја беа маргинализирани. Овој договор ни ги отвори портите кон пристапување и асоцијација во Европската Унија и НАТО. Денес, по 20 години од потпишувањето на овој Договор сме членка на НАТО. Придобивките за сите нас, за сите заедници од Охридскиот договор се видливи, но имаме уште долг пат кој треба да се изоди. Охридскиот договор не е договор меѓу Македонците и Албанците со кој се заврши внатрешниот конфликт, туку е договор за унапредување и интеграција на сите заедници во Република Северна Македонија. Во наредниот период работата и фокусот мора да биде на имплементација во целост, рече Куртиш.

Вицепремиерот Груби спомна и неколку настани што ќе се организираат на денот на одбележување на 20-годишнината на Охридскиот рамковен договор. На 13 август ќе се одржи конференција со бројни гости во 10 часот во хотел „Александар палас“, по која ќе следи концерт на тенорото Рам Лахај и Филхармонијата во 17 часот во објектот на Филхармонијата./МИА/.

Next Post

Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори продолжен до 12 август

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk