ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Даниловски: Вирусот има „небранет“ простор, првично поради невакцинираните, кон крајот на август лесно може да се надминат 1.600 случаи дневно

August 6, 2021 08:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминативе неколку дена евидентно расте бројот на новозаразени во земјава, а истовремено, иако со поспоро темпо, се зголемува и бројот на пациентите на кои им е потребно болничко лекување. Во разговор за Фактор, епидемиологот и професор Драган Даниловски, посочува дека корона вирусот во моментов е посветен на негова лична борба за опстанок и теренот за ширење го наоѓа онаму каде што постои „небранет“ простор, а тоа е првенствено меѓу големиот број невакцинирани лица.

Предупредува дека, сега имаме ситуација бројот на новозаразени да расте експоненцијално со период на удвојување од околу 5-7 дена, што би значело дека кон крајот на август лесно може бројот на новозаразени на дневна основа да надмине 1.600 случаи.

-Рестриктивни мерки би помогнале, ама не насочени само кон невакцинираните. За волја на вистината, кај нив вирусот постигнува повисоки концентрации и – логично – исфрлаат од себе поголем број вируси. Но, во случајов со делта сојот, и вакцинираните со две дози може да се заразат во 30-50, па и повеќе проценти (зависно од вакцината) и да го пренесуваат вирусот – додуша, во многу помали концентрации. Како и да е, ако рестриктивните мерки би имале за цел да ја намалат циркулацијата на вирусот, тогаш, со тие мерки треба да бидат опфатени и вакцинираните. На ова веројатно ќе реагираат вакцинираните граѓани. Но, треба да знаат дека вакцините, пред сѐ, се замислени да заштитат да не се заврши на респиратор или на гробишта. Ниедна вакцина не штити стопроцентно од заразување. Во ситуација како сегашнава, кога бројките се удвојуваат за околу недела дена и кога ни оддалеку немаме колективен имунитет, за совладување на бранот, не можеме да се потпреме само на вакцините. Не, не мислам на строги „локдауни“, туку на ригорозно инсистирање на маски во затворен простор и одржување растојание, а ако дојде до закана за преоптоварување на болничките капацитети – и ограничување на бројот на посетители во јавни локали, можеби дури и забрани за свадби, поголеми собирања и сл. Да не го заборавиме и автобускиот превоз, вели д-р Даниловски.
Иако и децата се значаен дел од популацијата за стекнување колективен имунитет во една држава, според професор Даниловски, во моментов не мора да се инсистира на нивно вакцинирање, пред се поради фактот што тие вирусот го поминуваа со многу полесни симптоми и што сега во Македонија е многу поважно вакцинацијата да има поголем опфат кај популацијата над 50 години.

Дали постои „опасност“ од уште една онлајн учебна година, професорот смета дека сѐ ќе зависи од развојот на епидемиолошката ситуација. Ако растот на случаите продолжи со сегашново темпо, како што вели, треба да се земе предвид и таа опција.

Во однос на прашањето дали е можно вирусот повторно да „експлодира“ и  хоспитализациите да станат критични во однос на бројот на примања, епидемиологот Даниловски појаснува:

-Имаме ситуација бројот на новозаразени да расте експоненцијално со период на удвојување од околу 5-7 дена. Тоа значи, растот ќе забрзува сѐ повеќе! Ако денес имавме 219 случаи, кон крајот на август лесно може да се надмине бројката од 1600 случаи дневно! Сепак, засега, бројот на хоспитализираните и починатите не го следи тоа темпо. Во ситуација кога имаме вакцини во доволен број, депласирано е со општи рестриктивни мерки државата да ги штити оние што не сакаат да се вакцинираат – од нив самите! Секој со својот памет. За да не станат хоспитализациите критични, би требало сега приоритетно да се вакцинираат постарите лица и оние со хронични болести! Секако, треба што побрзо да се донесе одлука и за нивно вакцинирање со трета доза, ако има за тоа потреба врз основа на увид во бројот на антитела – особено оние кои се вакцинирани со кинески вакцини, заклучува епидемиологот Даниловски во разговорот за Фактор.

Извор: Фактор

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

July 22, 2025

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот: Според опозицијата е скроен како предизборен поткуп, власта вели ќе обезбеди економски раст

July 22, 2025

Министерката Кочоска вели со ребалансот немало да се финансираат кампањи, туку проекти

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk