ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Во Карпош и во Тетово ќе се отворат два нови дневни центри за деца со попреченост, во Гази Баба советувалиште за семејства во ризик

August 6, 2021 09:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика склучи договори за соработка со општините Гази Баба, Карпош и Тетово, кои предвидуваат отворање на два нови дневни центри за деца со попреченост, како и советувалиште за деца и семејства во ризик и за деца со попреченост.

Соработката ќе се одвива во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска Банка. Со ова бројот на општини во кои се нудат социјални услуги финансирани во рамки на проектот се проширува на 26, а бројот на корисници се зголемува на над 1040 корисници.

Во Општина Карпош 32 деца со попреченост, од кои 16 деца на возраст од 2 до 5 години и 16 деца на возраст од 6 до 10 години ќе имаат можност да престојуваат во Дневниот престој на деца со попреченост, каде давател на услугата ќе биде македонското Монтесори здружение.

Преку примена на Монтесори методот и современите терапевтски техники ќе биде обезбедена стручна помош и поддршка преку индивидуален  и групен третман и психо-социјална поддршка за децата и нивните семејства. Тоа подразбира интензивна поддршка врз индивидуалните потреби на детето.

Во Општината Гази Баба давател на услугата „советување“ ќе биде СОС „Детско село“, а ќе бидат опфатени 80 членови на семејства во социјален ризик. Стручните тимови ќе работат на подобрување на социјалните и комуникациските вештини на децата помеѓу врсниците, нивната самодоверба и самопочит, препознавање на чувствата и техники на справување.

За да се намалат конфликтите и насилството во семејствата давателите на услугите ќе работат и на подобрување на родителските вештини и на комуникацијата меѓу членовите на семејствата, се со цел  зајакнување на семејствата во социјален ризик./МТСП/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

July 9, 2025
Фото: Скриншот Вимблдон

(ВИДЕО) Рекордно 14. полуфинале за Ѓоковиќ на Вимблдон

July 9, 2025

Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија 20 години чека – а Владата на Мицкоски се оддалечува од Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk