ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Канадер за гасење пожари пристигна од Романија, а се очекува и авион „Херкулес 530“

August 7, 2021 12:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Канадер Т21“, специјализиран хеликоптер за гасење пожари пристигна од Романија, а напладне се очекува и авион „Хекрулес 530“, кој е со најсовремена опрема, носи придружна противпожарна опрема, пожарникари и други пропратни материјално-технички ресурси за гасење пожари. Помошта ќе биде распределена таму каде што е најкритично, соопшти денеска на прес-конференција помошник-раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Марија Милкова.

Раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Горан Стојановски појасни дека авионот „Хекрулес 530“ е товарен и е прилагоден дополнително за гасење на пожари.

– Се работи за специјализиран авион, за специјализирана намена кој со себе носи материјално-технички ресурси, носи луѓе, пожарникари и шесттонски кеси наполнети со вода и при летањето на подрачјето кое му се задава како координати за активен пожар тие се хидраулични и во форма на падобран бомба се концентрираат на пожарното дејствие каде практично е изворот на жариштето на пожарот. Тоа се големи авиони, нормално во координација со ВИНГ-от и со Генералштабот, нагласи Стојановски.

Тој потенцира дека оперативниот центар денеска ќе се одлучи од каде овој авион ќе се полни со вода, имајќи предвид дека со правилата на УНЕСКО тоа е забрането на Охридското Езеро.

– Имаме две можности – Преспанско Езеро и уште едно од поголемите вештачки езера, така што денеска ќе одлучиме како тоа ќе се врши и верувам дека денеска во 17 часот во пресекот на денот ќе имаме јасна информација за начинот и процесот и постапката на негово дејствување, рече Стојановски.

Тој рече дека верува оти со овие материјално-технинчки средства и летала кои навистина се користат за оваа намена, за големи пожари и ќе бидат добредојдени со оглед на временските педиспозиции кои се очекуваат – сончево, топло време и можноста од дополнителен развој на ситуацијата со дополнителни пожари многу ќе придонесе за да можат со нив да се справат.

Во врска со состојбата со пожарите Стојановски посочи дека во моментот Пехчево е најкритично.

– Утрово имавме добра температура од 9 степени која на некој начин дозволи сите хеликоптери да се кренат и да дејствуваат во тој правец. Тоа е Пехчевско-беровскиот регион затоа што пожарот и дејствијата на пожарот се одвиваат во таа насока. Сите материјално-технички ресурси и голем број човекови ресурси се во правец Пехчево – Берово, додека другата сила материјално-техничка и ресурси човекови се концентрирани во појасот на Делчево кон Разловци, затоа што во можност да се дејствува што повеќе за да се спречи пожарот да избие кон Берово, односно кон Голак, истакна Стојановски.

Во Штип, потенцира, има повторно реактивирање на пожарот во Криви Дел и таму се 35 војници и противпожарни екипи, а таму се и дел од Шумско стопанство кои повторно дејствуваат. Тој појасни дека теренот на кој е пожарот е многу непристапен.

– Имаме мака во тој дел, и кон Кадрифаково, тоа е на граница меѓу Штип и Свети Николе. Во Прилепско има два пожари. Едниот пожар е сосема под контрола и нема никаков проблем. но вториот пожар што е под Плетвар. Малку потежок заради непристапноста на теренот и во овој момент дејствуваат се додека е вакво времето, температурата е во ред за да може да се дејствува. Меѓутоа, оној непристапен терен не дозволува во моментот да можете со сите капацитети и сили да дејствувате. Се држи под контрола. Се договоривме со градоначалникот да видиме во текот на денот ако има потреба најверојатно ќе интервенираме и со летало. Ќе видиме какви насоки ќе добиеме, додаде Стојановски./МИА/.

Next Post

Пладневен преглед: КЗБ предлага нови мерки во Тетовско, состојбата со ковид-19 сериозна, Заев на терен, порача да ги спречиме сите ризици кои предизвикуваат пожар

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk