ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Повеќе пожари локализирани, се преземаат дејствија да се локализира и пожарот меѓу Берово, Пехчево и Делчево

August 7, 2021 13:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Обезбедени се доволни количини вода во случај да не стивне ветрот и пожарот да го зафати беровското село Будинарци. Премиерот Зоран Заев, кој денеска е во посета на опожарените подрачја во Малешевијата, е убеден дека државата ќе се справи со пожарот и ќе  ќе биде комплетно локализиран.

-Горе се локализира, но секако ветрот не дава можност да се стиши огнот. Се прават обрачи на два дела. Едниот е првиот обрач поблиску до огнот, а вториот обрач е веднаш до селото затоа што по протокол и процедура така мора да се заштитат и граѓаните, најважно, па понатаму и имотот, недвижностите, куќите, шталите се што поседуваат граѓаните. Се надеваме дека со помош на авионите што се овде, заедно од Србија и нашите ќе можеме сето тоа да го направиме, рече Заев.

Премиерот истакна дека заедно на терен со нашите противпожарни единици се австриските и другите противпожарни единици кои прават дополнителни вештачки резервоари за да обезбедат дополнителни количини, со конечна цел доколку ветрот го насочи огнот поблиску до селата, да не се губи време на дополнително одење и доаѓање на полнење, туку тука да се создаваат самите резервоари, што претставува дел од протоколите на нивното дејствување.

-Јас верувам дека секако ќе се заштитат човечките животи, имотите овде. Важно е да се делува од сите страни. Посебен респект за противпожарните станици кои се директно таму експонирани кај што е огнот и тука го пресекуваат. Гледате дека механизација прави продорни патишта заради пресекување при евентуалното негово доаѓање поблиску до населените места. Значи, се преземаат сите дејствија за да може да се локализира и ова најголемо жариште во државата, а тоа е пожарот помеѓу Берово, Пехчево и Делчево буквално што е некаде во радиус од 50 километри, додаде премиерот Заев.

Освен за големото жариште премиерот информираше и за пожарите во Радовишко, и во Прилепско и на други места во државата што се под контрола и локализирани.

-Нормално секоја искра може да значи нов пожар. Уште еднаш апелирам до сите граѓани на одговорност, има строга забрана по шумите, мораме да внимаваме сите и тоа внимание мора да биде посочено и за себе и за другите. Значи, да пријавуваме ако имаме нешто загрозувачко или слично. Веќе се поднесени пет кривични пријави за пет случаеви. Рака на срце, три од нив се ненамерно предизвикани пожари, двата се веројатно намерно предизвикани, тоа истрагата и обвинителството ќе го утврдат, тие се процесуирани и секако казните се огромни. И ќе бидат огромни, рече Заев и апелираше до сите на одговорност и на солидарност.

Околу сервисирањето на хеликоптерите појасни дека истите се сервисираат постојано, а проблем според него, има и со авионите, конкретно недостигаат компании за сервисирање, регистрирање, одржување и лиценцирање поради што многу често жалбените постапки согласно Законот за јавни набавки никако не завршуваат.

-Овие денови побаравме можност преку Бирото за јавни набавки по пат на преговарање да се ангажираат најблиските фирми. Отворивме можност, амбасадите помагаат, влада со влада со Хрватска затоа што нивните воени служби ги имаат лиценците и можноста да го направат сервисирањето на канадерите, на авионите и дефинитивно секогаш кога ни се случуваат вакви несреќи, вакви непогоди, вакви пожари сите сме свесни колку е важно да бидеме подготвени, додаде премиерот.

Владата како што, посочи, и досега помагала, според него, има обновено голем дел од противпожарните единици, има многу нови возила, но и најголем дел се со застарена механизација. Најави продолжување и понатаму со уште поинтензивно темпо да се набавуваат средства, машини, противпожарни возила, се што им треба на пожарникарите.

-Конечно пожарникарите се решени минатата година со соодветните примања. Поминаа внатрешни работи, Министерство за одбрана и тие се веќе решени, така што соодветно се платени пожарникарите во која било противпожарна единица во државата. Комплименти за сите оние општини коишто ги наградија овие денови самите пожарникари заради тоа што навистина некои имаат непрекинати часови повеќе од ден, два, три коишто се на терен и навистина заслужуваат. Јас реков, тие се нашите херои – заедно пожарникарите, Армијата, полицијата, ЦУК, ДЗС, но и локалното население како и голем ата благодарност до пријателските земји што помогнаа, рече Заев.

Нагласи дека се очекува уште едно летало од Романија, второ кое денеска треба да стигне од таа земја, што ќе биде од помош при гасењето на пожарите. Едното летало, појасни, е за гаснење пожари, а другото за асистирање, заради тоа што е поголемо во обем и носи поголеми количини на вода и треба да помогне при гасењето на пожарот на оваа најтешко зафатена локација – беровско-пехчевскиот и делчевски регион./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зеленски потпиша закон со кој се поткопува независноста на антикорупциската инфраструктура на Украина, протести во Кијив и други градови

July 23, 2025

Без струја дел од жителите на неколку улици во Карпош и Кисела Вода

July 23, 2025

Скопскиот водовод со намален притисок и прекини на вода, апел за рационално користење

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk