ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦУК го претстави системот НИКС со кој се дигитализира следењето на состојбата со пожарите

August 9, 2021 12:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за управување со кризи на денешната прес-конфернеција го претстави системот НИКС (Следна генерација на систем за командување), што претставува посебен систем за командување во итни ситуации, којшто всушност ги дигитализира сите податоци од терен, со цел да бидат регистрирани во централата од кадешто раководи со состојбите Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК.

– Преку овој систем имаме просторно прикажување на ситуацијата на терен одосно, членовите на Главниот штаб на едно место на екран ги гледаат сите податоци, гледаат на кои места имаме активен пожар, гледаат каков е неговиот интензитет, гледаат каде има изгаснат пожар, за којшто постои можност повторно да се реактивира. Како што веќе во повеќе наврати кажавме изгаснатите пожари понатаму претставуваат опасносат бидејќи доволно е само малку ветер и повторно на истото место истиот да се разгори. Сите податоци од терен ги имаме на едно место, тоа помага на Главниот штаб да носи квалитетни одлуки, да врши подобра координација на силите на терен, наведе директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, додавајќи дека в среда ќе се одржи детална презентација на системот.

Зборувајќи за критиките за нивното работење упатени од опозицијата, Ангелов повика на седниците на Главниот штаб да присуствува и претставник од Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Бидејќи постојано сме предмет на критики од страна на опозицијата, поканувам претставник на Комисијата за одбрана од Собранието, да дојде и да присуствува на седниците на Главниот штаб. Отворена покана до ВМРО-ДПМНЕ, нивен претставник од Комисијата за одбрана и безбедност да дојде и да присуствува и одблиску да ја набљудува работата на Главниот штаб. Можеби тоа ќе помогне и тие да видат дека работата не е стихијна, дека имаме целосна контрола, рече Ангелов.

Директорот на ЦУК нагласи дека во овој момент треба сите да се солидализираме и секој кој колку може да помогне да се изгнасат овие пожари.

– Од нашата перцепција сметаме дека свеста за пожарите кај граѓаните е значително зголемена, благодарение на медиумите. Граѓаните сфатија каква е опасноста. Полицијата активно работи на терен и добиваме и пријави за лица кои што одат намерно да запалат пожар. Веќе неколкумина беа уапсени, за неколку пожари ги знаеме и причините. Тоа помага да се намали бројот на пожари. Постојано треба да се апелира за општите мерки за безбедност, рече Ангелов./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Опис на сликата: Новата месечина, темен  кратерен круг со тенок осветлен срп одоздола, лебди над закривениот хоризонт на Земјата за време на орбитално зајдисонце. Гледано од Меѓународната вселенска станица, атмосферата на Земјата свети во сина лента наспроти темната позадина на вселената. Photo: NASA

НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

July 24, 2025

Зеленски го одобри нацрт-законот за заштита на независноста на институциите за борба против корупцијата

July 24, 2025

Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам

July 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    (ВИДЕО)Се урна авионот што исчезна над Русија, се верува дека нема преживеани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа или Истокот? Конфронтација меѓу ДУИ и ВЛЕН за геополитичкиот курс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk