ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

МТСП: Надоместокот за попреченост од наредната година ќе се покачи за 15 проценти

August 9, 2021 15:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со најавениот протест на Коалицијата „Менуваме“, Министерството за труд и социјална политика, информира дека интензивно работи на унапредување на инклузијата на лицата со попреченост во нашата држава. Потврда за тоа е и постојаното проширување на мрежата на дневни центри за децата со попреченост, велат од МТСП. Неодамна, како што посочуваат, Министерството го отвори  дневниот центар за лицата со попреченост во Липково, а во тек е и изградба на центри за деца со попреченост и во општините Делчево, Чашка, Боговиње и во Скопје.

МТСП веќе информираше дека минатата недела склучи и два нови  договори за соработка  со општините  Карпош и Тетово, со поддршка на Светска Банка, за отворање на дневни центри за деца со попреченост.  Овие два центри преку стручните тимови ќе обезбедуваат индивидуални  и групни третмани, според претходна проценка на потребите на вкупно 62 деца со попреченост.

Целосната и доследната имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на ОН е политика на која Министерството за труд и социјална политика и министерката Јагода Шахпаска работат интензивно. Но, тоа е процес кој не може да се заврши за неколку месеци, туку се потребни системски и одржливи решенија, особено ако претходно немало никаков напредок на ова поле.

Министерката Шахпаска неодамна одржа средба со претставници на Коалицијата „Менуваме“ и информираше дека сите нивни барања во основа се дел од агендата на Министерството.

Во однос на барањето за зголемување на надоместокот заради попреченост, министерката Шахпаска укажа дека е предвидено покачување на износот за најмалку 15 проценти. Поради пандемијата со Ковид-19 неговата реализација беше пролонгирана за наредната година.

На средбата беа споделени и информациите дека за потребата на поголема инклузија и вработување на лицата со попреченост, во тек е проект за унапредување на пристапот на лицата со попреченост на отворениот пазар на трудот, за што се разгледуваат искуства од другите земји, а веќе е отворена и јавна расправа кај нас со сите засегнати страни.

Со измените на Законот за социјална заштита се зголеми достапноста на правото за користење на личната асистенција, односно се намали возрасната граница за лични асистенти од 18 на 6 години.  За спроведување на оваа измена, само за оваа година,  обезбедени се средства за 200 дополнителни асистенти, а доколку има потреба од повеќе асистенти нема пречки да се зголеми и оваа бројка.

Во делот на зголемување на инклузијата и независноста на лицата со попреченост, МТСП заедно со  Националниот сојуз на слепи лица и УНДП неодамна го пуштија во употреба и аудио читачот- апликација за лица со оштетен вид, кој овозможува олеснет пристап до информации, независност во движењето и завршувањето на секојдневните обврски.

„Министерството за труд и социјална политика останува отворено за унапредување на состојбата на лицата со попреченост преку взаемен дијалог и соработка со сите засегнати страни.“, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

July 9, 2025
Фото: Скриншот Вимблдон

(ВИДЕО) Рекордно 14. полуфинале за Ѓоковиќ на Вимблдон

July 9, 2025

Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија 20 години чека – а Владата на Мицкоски се оддалечува од Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk