ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Светска премиера на документарецот „Сава“, наратор Мира Фурлан

August 9, 2021 12:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во „Ривербед синема“ во рамки на фестивалот за документарни филмови „Докуфест“ во Призрен, Косово, вечер од 20 часот светска премиера ќе има долгометражниот документарен филм „Сава“ снимен оваа година.

„Сава“ е документарен патувачки филм по течението на реката од 990 километри низ земјите на поранешна Југославија. Во траење од 75 минути, сниман е на локации низ Словенија, Хрватска, Босна и Србија.

Копродукција е помеѓу македонската „Ортак филмс“ и „Сава филмс’ од Англија. Македонската премиера на филмот е закажана за 23 август во Куршумли ан, во рамките на фестивалот „Македокс“.

Режисер и продуцент е Метју Сомервил од Велика Британија, монтажата е на Горјан Атанасов од Северна Македонија, сниматели се Ден Мекрам и Метју Сомервил. Ова е прв долгометражен документарен филм на режисерот Сомервил, кој има завршено документарна фотографија на Универзитетот „Фалмаут“ во Лондон.

Во овој филм реката има глас и во улога на наратор е актерката Мира Фурлан, а текстот за нарацијата, покрај неа, го потпишуваат и Мекрам и Сомервил. Музиката е на Робин Шлохтермајер.

Фасцинацијата на режисерот поврзана со регионот на поранешните југословенски простори и луѓето кои живеат по течението на реката Сава почнува со неговото прво доаѓање на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, каде што поминува некое време во разгледување на регионот. Така почнува да ја истражува историјата, политичкиот и социјалниот живот на овие народи. Во 2013 година со автомобил од Лондон до Белград тргнува на патешествие низ градовите и селата по течението на реката.

– Сакав да покажам како природата е поголема од која било нација, реките ќе течат долго и откако ќе не нема. Реките ги поврзуваат луѓето, повеќе од кое било знаме, култура или етничко припаѓање. Со овој филм сакам да покажам како најдолгата река во некогашна Југославија се уште ги поврзува луѓето, иако границите се поместени. Јас сум антинационалист, кој е вљубеник во природата. Луѓето се многу често изманипулирани и поделувани од страна на политичарите, а медиумите ја имаат таа моќ да ја сменат колективната свест. Сакам луѓето да се слушнат едни со други. Сакам луѓето да забават. Да се прифатиме едни со други и да комуницираме околу природата, веи режисерот Сомервил.

Во Лондон, 2019 година се запознава со Горјан Атанасов, кој во тоа време бил на постдипломски студии по постпродукција на Универзитетот „МетФилм скул“, кој освен што е задолжен за монтажа на филмот е и копродуцент.

Одлучуваат да и дадат глас на реката, за да ги поврзат приказните на луѓето, кои живеат покрај брегот на реката Сава. Во потрага по зрел женски наратор, Сомервил добива контакт на една од најголемите ѕвезди од југословенскиот филм, која успеа да направи и светска кариера во Холивуд – Мира Фурлан.

На неговата е-порака со покана таа да соработува на овој проект, Фурлан одговара:

„Драг Метју, многу ми е драго и се чувствувам почестена што помисливте на мене за овој прекрасен проект. Целиот мој живот го посветив против поделбата. Можам да го потпишам моето име под твојата реченица, каде зборуваш за природата и човечката поврзаност, кои се над сите опасни илузии за национализмот. Како една од граѓаните кои ја загубија својата земја во онаа бесмислена војна во која се бореа новите елити за финансиска корист, ви благодарам за овој проект. Со еден збор: Да. Би соработувала со вас на овој проект“.

 

По една година преписки и постојан контакт преку онлајн-платформите, Фурлан пристигнува во Лондон, каде ја снимаат првата сесија за нахсинхронизација. За време на пандемијата успеваат да реализираат уште една сесија преку Зум-платформата, додека таа е во нејзиниот дом во Лос Анџелес, а Горјан и Метју во Лондон.

– Веќе во септември не успеавме да дојдеме во контакт со неа повторно и нејзиниот сопруг не контактираше да ни пренесе дека Мира е болна. Требаше да ја снимиме со неа последната нахсинхронизација, но не успеавме. Следните три месеци беа мачни за чекање. За жал, Мира почина. Филмот е посветен во сеќавање на неа и на нашата бесценета соработка со оваа голема уметница, вели режисерот Сомервил.

Во март оваа година филмот беше завршен во Скопје, а постпродукцијата во април, во Лондон.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

May 18, 2025
Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk