ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Повеќето пожари локализирани и под контрола, сè уште активен кај Будинарци, се бара армиско летало за гасење над Раовиќ

August 10, 2021 11:20
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Поголем дел од пожарите во земјава се локализирани и се ставени под контрола. Сè уште е активен пожарот во атарот на беровското село Будинарци, кој е делумно под контрола, а од Општина Сарај бараат армиско летало во помош за гасење на пожарот над село Раовиќ.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, пожарот кој започна на 2 август кај местото викано Бeјаз Тепе, се уште е активен во атарот на село Будинарци во Општина Берово. На терен се присутни противпожарните екипата од Словенија и од Австрија. Пожарот делумно е ставен под контрола, а екипите работат на негово целосно локализирање каде гори високостеблеста борова шума, смрека, стрништа и сува трева.

Во Општина Делчево за пожарот кој започна на 2 август во атарот на село Нов Истевник маало Пасјак, последната состојба од теренот е дека пожарите на подрачјето на делчевска општина се локализирани и се ставени под контрола. Екипите што беа ангажирани во гаснењето на пожарот се повлечени. На терен се останати само вработените од Шумско стопанство „Голак“ од Делчево кои дежураат. Во резерва во село Тработивиште се лоцирани припадници на Армијата ако има потреба да интервенираат.

Во Општина Штип, како што се посочува, пожарот кој е во атарот на селата Драгоево и Селце сe уште е активен, но е ставен под контрола. Екипите во моментот се повлечени, но во договор со Директорот на ШС „Серта“ и градоначалникот, на теренот е оставена цистерна со вода и луѓе од месното население. Екипи на ШС и ТППЕ од Штип на денеска во 06:00 часот повторно излегоа на терен.

Од ловиштето „Јасен“ известуваат дека има 24-часовно дежурство на делот на планината кон ловиштето. Во моментов пожарот е смирен и нема опасност за да се прошири кон ловиштето. Се гледа чад од страна на село Раовиќ каде гори мешана шума и е на доста непристапен терен.

Од Општина Сарај информираат дека во тој дел се уште чади и пожарот е активен. Бидејќи теренот е непристапен, нема можност за гасење од терен. Од Општината исто така известуваат дека доставиле барање за интервенција на армиско летало во помош за гасење на пожарот. Од ШС „Караџица“ известуваат дека пожарот над село Раовиќ се дели на два крака, едниот е насочен кон Матка, додека другиот оди далеку над селото Раовиќ, на многу непристапен терен, каде од утринските часови на терен се екипи од Армијата, ДЗС и локалното население. Се планира гасење од воздух.

Во Општина Петровец пожарот кај село Дивље е под контрола и нема опасност за селото и населението. По дејствувањето на пожарникарите од БППЗ на град Скопје, ШС „Караџица“, како и локалното население, пожарот е насочен накај Средно Коњаре. Се очекува денеска во претпладневите часови на гасење на пожарот да излезат 10 лица од ШС „Караџица“, како и 20 припадници на Армијата за да го локализираат и стават под контрола.

Во Општина Прилеп пожарот во атарот на Ракле, Никодин и Топлица е приземјен, но не е завршен. Позади село Топлица кон село Крстец има чад, но намалува со интензитетот по досегашните дејствувања со воздушната поддршка. Екипа на ЈП „Македонски Шуми – Црн Бор“ – Прилеп со седум работници е на терен, како и тројца војници на Армијата.

Пожарот во село Војница во Општина Чашка зафатил нискостеблеста шума и смрека. На терен се ТППЕ од Велес со две возила и шест пожарникари, комуналното претпријатие „Чашка“ со едно возило и пет лица, шумското стопанство „Велес“ со две возила со 10 лица и тројца полицајци од Чашка. Пожарот се уште не е изгаснат, но е ставен под контрола./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk